Туркије се справува со последиците од катастрофалните земјотреси, кои на 6 февруари го погодија нејзиниот јужен регион, а кои до 22 февруари однесоа над 42.310 животи. Тимовите за пребарување и спасување со денови неуморно настојуваа да пронајдат било каков знак на живот и спроведуваа неверојатни акции за спасување луѓе и животни по катастрофата.
Со оглед на огромната катастрофа без преседан, емоциите доживеани на терен исто така се од невидени размери. Чувствата на очај, страдање и тага измешани се со чувствата на надеж, одлучност и солидарност. Луѓе кои не така одамна се конфронтираа едни со други поради политички разлики, сега испорачуваат помош на луѓето погодени од земјотресот. Но постојат некои сили кои продолжуваат да работат против духот на човечката солидарност. Додека турскиот народ очајнички ги бараше своите блиски и роднини заглавени под урнатините, турската војска беше нападната од терористите на ЈПГ во пограничниот град Килис.
ЈПГ е огранок на терористичката организација ПКК, која за терористичка организација е прогласена од САД и ЕУ. Припадници на ЈПГ ги нападна турските сили со повеќеракетен систем од Тал Рифат, северозападниот сириски град што моментално го окупираат. Иако нема загинати турски војници, инцидентот е уште еден знак за злобниот план што го спроведува мрежата ЈПГ/ПКК против турската држава.
Од сите денови, терористичката група го избра најлошиот можен ден за напад врз Туркије, ден кога целата земја беше трогната од она што е наречено „катастрофа на векот“. Тоа ни дава краток увид во психата на терористичката група - одбива да се придржува до универзалните вредности на човештвото и наместо тоа, за постигнување на своите лични цели, ги искористува трагичните настани како што е оваа огромна природна катастрофа. Подлата природа на оваа терористичка организација не беше изненадување за Турците и Сиријците кои беа на удар од нејзините активности.
Природните катастрофи од големи размери одново ја разбуди латентната емпатија кај многумина. Турската трагедија е толку длабока и огромна што ги собра луѓето од целиот свет и ги обедини со цел да им се овозможи помош на жртвите.
Но за терористичките групи, никакво трогателно човечко искуство не е доволно да ги покрене додека напредуваат на длабоко вкоренетата пракса на дехуманизација на своите непријатели.
Во есента во 2022 година, ПКК ги бомбардираше невините и беспомошните пешаци на познатата истанбулска авенија Истиклал - времето и местото избрани за терористичкиот напад уште еднаш докажаа дека немаат обѕир кон човечките животи.
Сега нападот врз земја погодена од земјотрес во време кога ги мобилизираше сите свои ресурси да спаси што повеќе животи претставува ново дно за водачите на ПКК. Таквиот осветнички начин на размислување не познава граници.
Терористичката група дури ја саботираше хуманитарната помош за Туркије собрана во регионот Северна Вестфалија во Германија така што ги запали камионите за достава. И покрај очигледните докази за бруталната и садистичката природа на ПКК, повеќето западни медиуми и понатаму ја прикажуваат терористичката група во позитивно светло.
Затворајќи ги очите пред нападот на терористите на ЈПГ/ПКК врз положбите на турската војска во Килис во момент кога земјата оплакува десетици илјади животи кои ги однесоа разорните земјотреси, германските медиуми турската војска ја прикажаа како агресор против овие терористи, нарекувајќи го тоа како „агресија против Курдите“ во северна Сирија.
Војната и непријателството се неизбежна и грда реалност во светот во кој живееме, но ниту една здрава личност не би војувала во текот на природна катастрофа од неспоредливи размери. Сепак, за терористите на ЈПГ/ПКК, искористувањето на хуманитарните кризи беше дел од нивната терористичка игра.
Таквото однесување никогаш не се смени и нема да се смени се додека нивните странски заштитници на Западот не ги препознаат како закана кон моралното и општественото ткиво и не почнат да ги чистат од своите општества.