Дали е време со смртта на Елизабета да заврши и британската монархија?     Фото; TRT World

Смртта на кралицатa Елизабета Втора имаше влијание врз мене како британски муслиман со ирачко потекло. Кралицата постојано е присутна во мојот живот уште од моето раѓање и јас се навикнав на тоа да биде присутна во сите аспекти од мојот живот.

Сега друго сонце изгреа над Британија и нејзините поранешни колонии. На престолот е кралот Чарлс Трети. За тоа ќе треба да помине извесно време за да се навикнеме.

Иако ниту жалам, ниту ја славам смртта на кралицата, важно е да се разбере дека иако таа не беше директно одговорна за политиките на нејзините влади во текот на нејзиното 70-годишно владеење, таа сепак беше симбол на овие институции кои направија хаос во светот. Тоа е доволна причина да сакам да ја видам британсската монархија како се збогува со јавниот живот.

Префинет симбол на насилство

Растејќи во Ексетер, во прекрасната област Девон ја запознав кралицата кога дојде во формална посета. Како мало дете ме одведоа да ја видам заедно со соучениците од мојот клас во 1995 година. Во тоа време, немав ни 10 години и бев со нејасна претстава за тоа што е монарх, но подоцна таа слика се формираше во мојот ум.

Таа беше љубезна, топла, ми се насмевна и ми рече здраво, измамувајќи детска насмевка од мене. Сепак иако бев наивно дете, сфатив дека кралицата е всушност шеф на државата. Иако можеби немала извршна моќ и авторитет, како нејзините претходници векови претходно, таа сепак беше користена од британскиот естаблишмент за да обезбеди префинета слика на бројните злосторства што ги направи против голем број милиони, ако не и милијарди низ светот.

По нејзиното крунисување во 1952 годинаа британската влада предводена од премиерот Ентони Идн во 1956 година нареди инвазија на Египет заедно со Израел и Франција поради тоа што Египќаните, чиј лидер беше Гамал Абдел Насер, го национализираа Суецкиот канал. Кралицата не се спротивстави на агресијата.

Исто така, таа не се спротивстави во 1994 година кога поранешниот претседател на Зимбабве Роберт Мугабе беше прогласен за витез, а потоа побараа таа титула да му биде одземена во 2008 година.

Елизабета Втора немаше и ништо против кога Џорџ Буш и Тони Блер го нападна Ирак во 2003 година. Подоцна му оддаде посебна почит на Блер, иако многу луѓе се спротивставија на почестите за овој лажго.

Зошто таа го направи сето ова? Едноставно затоа што во голема мера била посветена на исполнување на желбите на нејзината влада без оглед на тоа какви биле нејзините лични размислувања.

Но дали тоа ја ослободува од соучесништво? Во моите очи не. Таа можеше да абдицира. ако не можеше да ги оправда сите морални забелешки што можеби ги имаше во однос на нејзините уставни должности. Нејзината одлука е обвинение сама по себе.

Естаблишмент како гротеска

Како и да е и покрај сето ова, немав лоши намери кон неа. Има многу „да” мажи и жени во системот, но британската кралица веројатно чувствуваше огромна , можеби дури и себична должност и сметаше дека е најдобро да остане на функцијата. Кој знае? Можеби поточно е да се праша „Кому му е грижа?”.

Додека криминалците како Блер со вистинска моќ, кој ги десеткуваше Ирак и Авганистан, се уште се на слобода личните мислења на починат монарх изгледаат безначајни за споредба. Она што е уште погротескно e умилкувањето на британскиот естаблишмент кој се колне на верност кон кралското семејство. На членовите на кралското семејство се гледа како на дел од идентитетот, но и како на причина за озборувања за секс скандали и расизам, и алатка за справување со политичките противници.

Иако сигурно не и посакав смрт на кралицата, дури и не ја мразам, мојот приоритет секогаш ќе бидат сиромашните кои сега се во позиција кога не знаат дали да ги загреат нивните домови или да јадат.

Со таа бесчувствителност во секој аспект на британскиот естаблишмент и еден член на кралското семејство кој почина, мислам дека сега е крајно време британската монархија, која е полна со лицемерие, да ги отфрли сите кралски титули.

TRT World
Популарни