Колку израелски Евреи се противат на растечката индусктрија на оружје во земјата, тестирана и усовршувана врз окупираните Палестинци?
Израел е 10-ти најголем трговец со оружје на планетата, продавајќи го на повеќе од 130 земји, како демократски, така и диктаторски.
На Тел Авив му требаше повеќедецениско искуство во контролирањето на окупираното население, Палестинците, при што заработи од докажувањето на своите беспилотни летала, алатките за препознавање лица, биометриската инфраструктура за собирање и техниките за борба против бунтовниците како извозен бизнис.
Голем број држави очајнички посакуваат да дојдат до знаењето на Израел за да го репресира сопствениот народ и да ги надгледува дисидентите, новинарите и активистите за човекови права.
Од Руанда до Мјанмар и Бангладеш, израелската репресивна технологија стана сеприсутна во 21 век.
Ова е тема на мојата нова книга „Палестинска лабораторија“, во која го земам глобалниот поглед на израелската индустрија на оружје и покажувам, преку интервјуата, документите со кои е симната ознаката за тајност и известување од терен, како најдолга окупација во модерните времиња не беше пречка на опстанокот на Израел, туку му овозможи добро да профитира.
Во 2022 година Израел забележа најголема продажба на оружје било кога, од 12,5 милијарди американски долари, од што 24 отсто се продадени на арапските земји. Од руската офанзива во Украина и февруари 2022 година, европските земји тргнаа во Израел за да купат огромни количини на одбранбена опрема, вклучувајќи системи за одбрана од проектили.
Палестинците како цел
Во самиот Израел ретки се јавните противници на израелската трговија со оружје. Адвокатот за човекови права Ејтај Мек е забележителен исклучок. Еден од другите погласни критичари е спротивно од она што може да го очекувате. Израел користи различни алатки и технологии за да го „тестира“ своето оружје врз Палестинците. Ширум окупираните територии, Израел поставува софистицирана алатка за препознавање на лицата „Ред вулф“ (Red Wolf) за д би го документирал секој Палестинец без нивниот притисок.
Израел постави ВИ- митралез во окупираниот Хеброн. Беспилотните летала кои Израел ги распореди над Газа во текот на бројни напади врз опколената територија во последните 15 години сега ги користи Европската унија во својата војна против бегалците на Медитеранот.
Тоа е само мала слика на израелската сеопфатна контрола над Палестина и начинот на кон доминира над повеќе од пет милиони Палестинци во окупираниот Источен Кудс (Источен Ерусалим), окупираниот Западен брег и Газа. Сето тоа се случи додека популарноста на Израел во многу западни држави, вклучувајќи ги САД, нагло падна (иако многу републикански гласачи се уште силно го поддржуваат Израел). Еврејските критичари на Израел исто така растат во бројот и острината ширум западниот свет како што Израел го забрзува својот пат кон потенцијалната потполна теократија.
Авидан Фридман е ортодоксен рабин кој живее во илегалната населба Ефрат на Западен брег. Се организираше против таканаречените реформи на правосудството на владата на Нетанјаху, механизмот за јакнење на израелската окупација на палестинската земја и народ, и основач на групата Yanshoof, заговарачки субјект кој има за цел да изгради израелска поддршка за поставување на „моралните ограничувања на извозот на оружјето“.
Според неговата веб-страница, Yanshoof е „единствената организација во Израел посветена на промовирање правни дејствија за запирање на израелската продажба на оружје на режими убијци“.
„Ние веруваме дека Израел треба да биде извор на добро и благослов за светот и дека моралната политика, како онаа што веќе постои во многу други земји, ќе служи само за зајакнување на Израел.
Има многу позитивни нешта во тие чувства иако се кратковидни. Вообичаено осомничени
Глобалната индустрија на оружје е аморална, по дефиниција, без оглед на тоа која земја продава оружје. САД е далеку најголем продавач на оружје, околу 40 отсто од вкупната светска продажба, и тука нема ништо чисто.
Најбруталните светски лидери рутински ги купуваат најсмртоносните оружја од многу демократски држави што самите се опишуваат (гледам во вас, Вашингтон, Париз, Берлин и Лондон).
Фридман е можеби искрен во своето противење кон израелската трговија со оружје, но тешко е во потполност да се верувам на неговиот кредибилитет кога живее во илегална населба со историја на насилство врз Палестинците.
Како да повеќе да му е важно за правата на странците кои страдаат под израелско оружје отколку за Палестинците кои живеат низ патот од неговата куќа.
Можеби треба да бидеме благодарни за неговиот рационален и јасно страствен глас против израелското оружје, но тој внимава да не се спротивстави на палестинската лабораторија и начинот на кој таа ги дехуманизира Палестинците под окупација. Израелската индустрија на оружје која без прекинување се шири е полиса за осигурување од било каков иден притисок против израелската држава.
Толку многу земји сега се потпираат на израелски шпионски софтвер, одбранбена опрема и оружје што Израел верува дека е помала веројатноста да ја осудат неговата континуирана окупација на Палестина. Тие се во право, барем за момент, но тој часовник отчукува бидејќи израелскиот месијанизам сака да преземе целосна контрола над Израел.
Во наредните децении, меѓународната заедница ќе мора да се соочи со присуството на „горда држава на апартхејдот“ во срцето на Блискиот Исток, со милиони Палестинци третирани како граѓани од втор ред, и да одлучи дали ќе го прифати или ќе дејствува решително и ќе создаде вистинска демократија за сите нејзини граѓани.
Автор: Антони Ловенштајн
Напомена: Мислењата изразени во овој текст му припаѓаат на авторот и не ја одразуваат нужно уредувачката политика на ТРТ Балкан.