sar planina / Photo: Reuters

Балканот има значајно природно богатство, бројни ендемски и ретки видови и уникатни предели со медитерански шуми, крајбрежни лагуни, мочуришта и планина составени со богат биодиверзитет кој вреди да се сочува и заштити.

Сепак, загадувањето, урбанизацијата, климатските промени, негрижата и експлоатацијата доведуваат до се поголема закана за нарушување на природните живеалишта и загуби на биодиверзитетот.

Дивиот свет пред целосно исчезнување

Според Меѓународната унија за заштита на природата ИУЦН постојат седум видови на заштитени подрачја. За жал во првата категорија која означува строг природен резерват или подрачје на дивина, само мал дел од територијата на Западен Балкан е преостаната.

Освен балканскиот рис кој е единствената дива мачка на овие простори и е под сериозна закана од целосно изумирање, не постои ниту еден друг животински вид од таа категорија.

Засега нема ниту најави за започнување проекти за враќање на одредени диви животни во природата, како што тоа е случајот со европскиот бизон кој се враќа во дивината во неколку држави.

Националните паркови го креваат просекот на заштита

Останатиот дел на заштитено подрачје на земјите во регионот спаѓа претежно во областите опфатени со национални паркови, споменици на природата, паркови на природата, заштитени предели и повеќенаменски подрачја.

Копнените заштитени подрачја се дефинирано како целосно или делумно заштитени подрачја од најмалку 1.000 хектари кои се назначени од националните власти во една од шестте категории со ограничен јавен пристап, и области управувани според начелата на одржлива употреба.

Најголема заштитена површина од вкупната национална територија поседува Албанија со 18.6% заклучно со 2021 година. Следува Црна Гора со 13.8% заштитена територија, Северна Македонија со 12.5%, Косово со 11%, Србија со 7.6%, додека пак Босна и Херцеговина има најмала површина на заштитена територија од само 3.9%. Сепак, БиХ добро стои со бројот на национални паркови, вкупно четири.

Првиот национален парк на македонска територија, но и воопшто на просторите на поранешна Југославија е Пелистер кој овој статус го добива во далечната 1948 година. Потоа за национални паркови беа прогласени Маврово и Галичица, а од неодамна на листата е и националниот парк Шар Планина. Оваа планина пак, е повод за соодветна заштита и во Косово каде исто така функционира заштитена зона во рамки на национален парк.

Балкански рекордер според бројот на национални паркови е Албанија која има вкупно 14. Србија и Црна Гора имаат по пет национални паркови, со разгледување на нови иницијативи кои се покренати неодамна за проширување на заштитената територија со нови области на природното наследство. Косово има најмалку, само два национални паркови.

Усогласувањето на законските рамки со категориите на заштита на Меѓународната унија за заштита на природата (ИУЦН), како и со европската регулатива и соработката со Европската агенција за животна средина може да обезбеди нов степен на сочувување на природното наследство.

TRT Balkan
Популарни