Индексот на цени на храна на ФАО е најнизок откако почнаа кризите/ Фото: AP / Photo: AFP

Индексот за цени на храната е најнизок откако започнаа кризите во изминатите години, поврзани со ограничувањата предизвикани од пандемијата со Ковид-19, прекинот во синџирите на производство и транспорт, како и од неодамнешните последици по воената инвазија врз Украина од страна на Русија.

Според информациите со кои располага Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), индексот за цени на храната во август паднал за 2.1% на месечно ниво споредено со јули годинава, и е за 24% понизок во однос на март 2022 година кога се искачи на рекордно ниво со 143 поени.

Сепак, иако храната на светските берзи бележи речиси постојан пад во изминатата година и натаму инфлаторниот притисок е силен и цените во малпродажбата не се намалуваат. Штом за одреден производ се помине психолошката граница за неговата вредност, потоа многу тешко е цените да се вратат на претходните нивоа.

Во однос на поединечни прехрамбени состојки единствено шеќерот и оризот ги одржуваат претходните високи цени, додека пак има кај млечните производи, останатите житарици, месото и маслото за јадење.

Падот на цените се должи на зголемената понуда на земјоделски производи. Индексот на ФАО ги следи месечните промени на меѓународните цени на земјоделски стоки кои се тргуваат на берзите и според кој вредноста на индекост во август годинава е намалена до 121.4 поени.

Во формирањето на цените на светските берзи големо влијание има протокот на стоки од големите производители, кои во текот на кризите го ограничуваа извозот на домашните производи.

Недостиг на глобалната понуда што ги подигна цените, покрај влијанието на енергетската криза, предизвикаа и проблемите со испорака на ѓубрива и житарки од Украина.

Туркије со посредство на Обединетите Нации учествуваше во носење и спроведување на првиот договор за извоз на житарки од Украина, и води дипломатски напори со вклучените страни договорот да се обнови за да се олесни транспортот на жито преку Црното Море.

TRT Balkan / агенции
Популарни