Кои се причините за намалениот број на запишани ученици?     Фото: ТРТ Балкан

Како што започнува учебната 2024/25 година, јасно е дека македонскиот образовен систем се соочува со значителен предизвик. Оваа година се очекува присуство на 245.000 ученици во основните и средните училишта - што е неверојатен пад од 17.000 ученици во последните седум години. Посебно алармантно е намалувањето на првачињата кое е намалено за 3.500.

Според министерката за образование Весна Јаневска, овој пад не е само образовен проблем, туку одраз на пошироки социјални неуспеси. Таа ја нагласи потребата од нови, инклузивни политики за да се смени овој тренд, со цел да се постигне поширок консензус и активно учество од сите засегнати страни.

Првичните реакции во јавниот дискурс, не само кај стручната фела, туку и кај пошироките маси е дека значителното намалување на бројот на ученици во основните и средните училишта, како и намалувањето на бројот на студентите е дека се работи за „јасен знак за тековниот егзодус на земјата, дополнително надополнет со неуспесите на политиките во различни сектори.“ Но, дали образовниот систем може да отскокне или ова е само врвот на ледениот брег и кои се клучните фактори што влијаеле за намалувањето на бројот на учениците во училиштата и студентите на факултетите?

Економски фактори, квалитет во образованието, демографски промени...

Евидентниот факт за намалување на бројот на студентите на универзитетите предизивка низа реакции во јавноста, од кои во најголем дел може да се слушне дека врз одлуката на учениците да не се запишат на факултет влијаеле економските фактори, во контекст дека можностите за работа по дипломирањето се ограничени, додека пак, од друга страна, развојот на неформалното образование и новите технологии станува се поатрактивно кај младите генерации кои наместо да студираат се одлучуваат своите вештини, знаење и способности да ги усовршуваат преку неформалното образование во форма на курсеви и школи.

Студирањето подразбира и оптоварување на домашниот буџет за трошоците како што се партиципацијата за секој семестар, обезбедување на потребниот материјал за студирање и учење, а за студентите од внатрешноста, дополнителен трошок е сместувањето во другите градови во текот на студирањето за што е потребно да се издвојат средства за кирија и храна. Во услови на економска непредвидливост и зголемена инфлација со што реално се зголемени и трошоците за живот, е причина повеќе младите да се ориентираат повеќе кон работа, наместо кон студирање.

Меѓу значителните фактори за опаѓањето на бројот на студентите е и масовното иселување, особено на младата популација која подобра перспектива бара во западноевропските земји.

Повеќе од половина од младите размислуваат да се иселат од земјава, покажа истражувањето на јавното мнение јавното мислење кое го изработи Институтот за политички истражувања. Одосно, истажувањето покажува дека дури 52% од младите кои имаат помалку од 29 години рекле дека кројат планови да ја напуштат државата.

Анкетата покажува дека главна причина за иселувањето за 80% од анкетираните е животниот стандард.

Секако, во низата фактори кои влијаат на одлулите на младите за запишување на студиите е и рангирањето на универзитетите. Веќе неколку години наназад македонските универзитети не се ниту меѓу 1.000 најдобри универзитети во светски рамки, според Шангајската листа.

Кои се можните решенија?

Познавачите на состојбите сепак сметаат дека иако иселувањето и глобалните трендови се нешто што не може да се спречи, туку се работи за процеси кои се комплексни и имаат долга историја, сепак постојат можни решенија да се привлечат младите да ги продолжат студиите и да останат во својата татковина. Како едно од можните решенија се наведува реформа во образованието, односно ажурирање на наставните програми за да се усогласат со современите потреби.

Она што би ги поттикнало младите да студираат и би ги подобрило нивните севкупни услови се и економските стимулации во форма на стипендии и финансиска помош за студенти во критичните области.

Меѓу другото, се наведува и промовирање на иницијативи за ненапуштање на домот: Програми за задржување таленти и привлекување студенти да останат во државата.

TRT Balkan
Популарни