Разбирањето на влијанието на пандемијата врз менталното здравје и благосостојбата на учениците е на врвот на агендата

Пандемијата денеска можеби изгледа како далечно минато, но иако вирусот стивнува сепак данокот што го зеде врз голем дел од општествени сфери е огромен.

Некаде последиците беа катастрофални, а некаде допрва ќе се почувствуваат. Коронавирусот имаше сериозни негативни ефекти врз образованието бидејќи повеќе од 1,5 милијарди ученици ширум светот беа погодени од затворање на училишта поради Ковид-19. Некаде затворањето на училиштата траеше пократко, a во некои земји многу долго предизвикувајќи сериозни последици. Сето тоа предизвика заостанување во развојот на децата, но и проблеми со нивното ментално здравје и благосостојба, а последиците допрва се истражуваат.

Со ова, негативниот ефект на пандемијата врз образованието е неспорен, смета Организација за образование, наука и култура на ООН УНЕСКО, но дали тоа е само почетокот на еден поголем проблем.

Во март 2021 година, УНЕСКО предупреди на „генерациска катастрофа“, во случај креаторите на политиките да не дадат приоритет на обновувањето на образованието. Некои придобивки што веќе беа направени кон целите на образовната агенда за 2030 година беа изгубени, смета УНЕСКО.

И додека глобалното воведување вакцини значително ја подобри ситуацијата во училиштата оттогаш, останува уште многу да се направи за да се надомести изгубеното време и да се помогне на оние кои заостанаа поради нарушувањата што ги предизвика пандемијата.

Допрва ќе се истражуваат последиците

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во соработка со УНЕСКО, УНИЦЕФ и Светската банка - многу внимателно ја следат ситуацијата во изминатите 2,5 години, а најновиот извештај „Образованието на прв поглед“ презентира сериозни податоци за влијанието на коронавирусот врз образованието на децата.

„Втората половина на 2021 година и првата половина на 2022 година беа обележани со постојани предизвици поради пандемијата, но и со постепено враќање во нормала благодарение на широко распространетите вакцини. Иако неколку земји сè уште имаа периоди на затворање на училиштата, тие беа многу поограничени отколку во претходните фази на пандемијата.“, се вели во истражувањето на ОЕЦД.

ОЕЦД забележува дека има големи отсуства на деца, но и на наставници со што повторно е нарушен образовниот процес.

„Само 11 земји на ОЕЦД и други учесници беа во можност да дадат споредливи бројки за отсуствата на наставниците. Од нив, осум забележале зголемување на отсуствата на наставниците во најмалку едно образовно ниво во споредба со претходните години. Како што фокусот се префрли од управување со кризи кон закрепнувањето, оценката на влијанието на пандемијата и санирањето на нејзините последици станаа приоритет“, велат од оваа организација.

Дополнуваат дека на примарно и секундарно образовно ниво, околу 80% од земјите со достапни податоци имплементирале програми за обновување на образованието.

„На предучилишно ниво, овие беа поретки, но беа понудени во 19 од 28 земји со достапни податоци. Дополнителна психолошка и социо-емоционална поддршка за учениците од основните и средните училишта беше достапна во 19 од 29 земји“, додаваат од ОЕЦД.

Клучно во глобалните иницијативи беше формирањето на глобалната образовна коалиција, нов модел за меѓународна соработка кој развива иновативни одговори за да им помогне на земјите да се справат со последиците од кризата. Тој брои повеќе од 175 членови кои работат на три централни теми: пол, поврзаност и наставници.

Бидејќи длабокото разбирање на некое прашање е клучно за успешно решавање на истиот, проучувањето на влијанието на Ковид-19 врз образованието е првиот од многуте чекори неопходни за ограничување на долгорочниот ефект на пандемијата врз денешните ученици. За среќа, се чини дека постои широк консензус меѓу креаторите на политиките во овој поглед, бидејќи огромното мнозинство земји земени во примерок од ОЕЦД преземаат истражувања за да го оценат влијанието на Ковид-19 врз образованието.

Кои се приоритетите?

Разбирањето на влијанието на пандемијата врз менталното здравје и благосостојбата на учениците е на врвот на агендата, со ефективноста на стратегиите за социјално дистанцирано учење и благосостојбата на наставниците, исто така високо на листата на прашања.

Во недостиг на ново истражување за влијанието на пандемијата врз менталното здравје, УНЕСКО лани процени дека поради ментални нарушувања кај младите луѓе годишната загуба ќе биде 390 милијарди долари годишно на глобално ниво.

„Повеќе од 1 од 7 адолесценти на возраст од 10-19 години се проценува дека живее со дијагностицирано ментално нарушување на глобално ниво. Речиси 46.000 адолесценти умираат од самоубиство секоја година, меѓу првите пет причини за смрт за нивната возрасна група. Во меѓувреме, постојат големи јазови помеѓу потребите за ментално здравје и финансирањето за ментално здравје. Извештајот открива дека околу 2 отсто од владините здравствени буџети се распределени на трошоците за ментално здравје на глобално ниво.“, предупредува УНЕСКО.

Интересно е што само 6 од 10 земји го истражуваат влијанието на затворањето на училиштата врз резултатите од учењето, што може да биде значајно како што сугерираат неодамнешните резултати од Соединетите Држави.

Што можат учителите да сторат?

УНИЦЕФ предлага осум начини како наставниците може да го поддржат менталното здравје на децата посебно во време кога се транзитира во образование со физичко присуство после двегодишна пандемија.

Прва препорака е слушање на учениците, кои се нивните грижи и стравови. Тоа значи веќе разговори со младите.

Проверка како на учениците им оди, односно проверка и следење на нивното знаење. Информирање на учениците за пандемии и нивниот импакт. Наставниците треба да бараат сугестии од учениците како да создадат подобра наставна атмосфера во училницата. Тие треба да ги следат промените во однесувањето на децата и да алармираат доколку има нешто необично.

Треба да се промовираат играта и спортот во училиштата. Наставниците треба да креираат систем на поддршка со мирно и грижливо однесување кое го фаворизира моделот на добро поведение. На крајот и наставниците треба да водат грижа за сабите себе бидејќи тие се столбот на училницата.

TRT Balkan
Популарни