244 милиони деца ширум светот не одат на училиште      Фото: TRT Balkan

Секој човек има право на образование, но и натаму 244 милиони деца ширум светот не одат на училиште или се исклучени од образовниот процес во оваа учебна година.

Покрај сите напори на светско ниво преку програмите за образование на Обединетите Нации (ОН), без оглед на големите подобрувања во последните години и натаму во одредени региони исклученоста на децата од образованието е висока, а тоа особено важи за земји како Индија, Нигерија, Пакистан, Етиопија и Кина.

Суб-Сахарска Африка останува регион со најмногу деца и млади кои не одат на училиште со 98 милиони деца и млади луѓе исклучени од образование, а потоа следат Централна и Јужна Азија со 85 милиони.

Затоа 24 јануари е прогласен за светски ден образованието, оваа година со фокус на забраната за образование на девојките и жените во Авганистан по промена на власта која ја зазема талибанскиот режим.

Оваа година ОН го одбележува денот под мотото „да се инвестира во луѓето, образованието е приоритет“ со напомена дека седум од десет деца сè уште не можат да читаат и разберат едноставен текст на возраст од 10 години во земјите со низок и среден приход.

„Организацијата го осудува овој сериозен напад врз човековото достоинство и врз основното право на образование. УНЕСКО неуморно повикува на итно враќање на правото на образование за сите девојки и млади жени во Авганистан“, порача Одри Азуле генералната директорка на УНЕСКО.

Напредок во регионот

Генералната слика за земјите од регионот, освен за Косово кое не е дел од статистичката база на УНЕСКО, е позитивна, односно повеќето од децата се опфатени во основното образование, а добар дел од нив продолжуваат и го завршуваат средното образование.

Северна Македонија иако има воведено задолжително средно образование и натаму се соочува со поголем број деца кои не се стекнуваат со средношколска диплома и иако овој негативен тренд се намалува во последните 20 години во континуитет и натаму изнесува околу 18.5%.

Околу 10% од децата во Северна Македонија се проценува дека воопшто не го продолжуваат образованието во средните училишта и овој тренд е влошен во последните пет години. Во истиот период се забележува и зголемување на бројот на деца кои не се дел ниту од основното образивание од околу 5%.

Во БиХ 23% не продолжуваат или го завршуваат средното образование, додека пак под 5% е бројот на деца што не се дел од основното образование

Во Црна Гора состојбата е многу поразлична со тоа што речиси сите деца се опфатени во основното образование, околу 2% не продолжуваат во средно, додека пак околу 12% не го завршуваат средното образование.

Во Србија исто така околу 2% не се дел од основното образование, додека пак повеќето од нив продолжуваат и завршуваат средно образование со тоа што во последните пет години се бележи и позитивен тренд, односно намалување на бројот на деца што се надвор од образовниот систем. Единствен негативен тренд во Србија е малото зголемување на бројот на деца што не го завршуваат средното образование кој достигнува околу 12.5%.

Во Албанија има мал нагорен тренд на зголемување на бројот на деца кои не се дел од основното образование, што значи околу 5%, додека пак во средно минимален е бројот на деца кои не продлжуваат и е се намалува во последните пет години. Во однос на стекнување со средношколска диплома тоа е случај со околу 15% од децата кои не го комплетираат средното образование.

TRT Balkan
Популарни