Според анкетата, повеќето возрасни луѓе во САД мислат дека е малку веројатно дека ќе личат на зелените чудовишта од научно-фантастичните приказни (49 проценти).         Фото: Ројтерс

Поминаа 40 години откако режисерот Стивен Спилберг ни ја „скокотна“ имагинацијата со симпатичниот вонземјанин И-ти (E.T.) кој сакаше да „ѕвони дома“, но по се изгледа верувањето во вонземјани не само што не опадна во САД туку и пораснало.


Неодамна спроведеното истражување на YouGov America покажува дека над половина (57%) од Американците веруваат во вонземјани, а една третина сметаат дека неидентификуваните летечки објекти над небото се вонземјани.

Неодамна спроведеното истражување на YouGov America покажува дека над половина (57%) од Американците веруваат во вонземјани Others

Ова е драстично зголемување од процентот на Американци кои го тврделе истото при претходно спроведеното истражување во 1996 година. Тогаш „само“ 20 проценти од анкетираните рекле дека неидентификуваните објекти се вонземјани.

За 25 години, таа бројка пораснала на 34 проценти во 2022 година. Анкетата содржи и детали за тоа како Американците сметаат дека изгледа еден просечен вонземјанин.

Според анкетата, повеќето возрасни луѓе во САД мислат дека е малку веројатно дека ќе личат на зелените чудовишта од научно-фантастичните приказни (49 проценти).

Сепак, мнозинството сметаат дека тие веројатно се технолошки многу понапредни од луѓето, а повеќе од една третина од испитаниците рекле дека мислат дека вонземјаните би биле непријателски настроени кон нашиот вид.

Истражувањето исто така покажа дека од возрасните во САД кои рекле дека виделе некаков летечки објект, една третина од нив веруваат дека тоа е вонземјанин.

На крај, дури 42 отсто од анкетираните сметаат дека човекот ќе оствари контакт со вонземјани во наредните 200 години.

TRT Balkan
Популарни