Инфрацрвената слика прикажува илјадници претходно невидени галаксии

Американскиот претседател Џо Бајден во понеделникот ја објави јавно првата фотографија од вселенскиот телескоп Џејмс Веб, обезбедувајќи прозорец во некои од најдлабоките агли на универзумот досега невидени од човештвото.

Инфрацрвената слика прикажува илјадници претходно невидени галаксии, од кои некои изгледаат како да се вртат, како да се снимени во забавена снимка во движење додека другите ѕвезди сјаат блескаво во црнилото на вселената. Сликата на она што е познато како галаксиско јато SMACS 0723 е првата од серијата фотографии што ќе ја објави НАСА.

Говорејќи во Белата куќа заедно со потпретседателката Камала Харис и администраторот на НАСА Бил Нелсон, Бајден ги нарече фотографиите „историски момент за науката и технологијата, за астрономијата и вселенското истражување за Америка и целото човештво“.

„Овој телескоп отелотворува како Америка го води светот не по примерот на нашата моќ, туку преку моќта на нашиот пример“, рече Бајден.

„Овие слики ќе го потсетат светот дека Америка може да направи големи работи и ќе го потсетат американскиот народ, особено нашите деца, дека нема ништо над нашиот капацитет. Можеме да видиме можности што никој досега не ги видел. Можеме да одиме на места каде што никој досега не отишол“, додаде тој.

САД го лансираа вселенскиот телескоп Џејмс Веб вреден 10 милијарди долари како заеднички проект во кој беа вклучени канадските и европските вселенски агенции, во декември. Софистицираната вселенска опсерваторија од 6,2 тони се очекува да ги истражува најдлабоките предели на космосот најмалку пет години, испраќајќи до Земјата досега невидени слики од универзумот.

Некои од галаксиите прикажани на првата форографија се оддалечени околу 13 милијарди светлосни години од телескопот, што значи дека делови од фотографијата прикажуваат галаксии стари приближно 13 милијарди години. Тоа датира блиску до периодот познат како Биг Бенг, кога се смета дека започнал универзумот.

„Ние гледаме наназад повеќе од 13 милијарди години“, рече Нелсон, шеф на НАСА. „Патем, ние се враќаме и понатаму, бидејќи ова е само првата слика. Тие ќе не вратат наназад околу 13 и пол милијарди години. И бидејќи знаеме дека универзумот е стар 13,8 милијарди години, ние се враќаме назад речиси до почетокот“.

AA
Популарни