Италија се наоѓа на врвот на листата меѓу земјите кои се најпогодени од екстремните горештини      Фото: Ројтерс

Заедничкиот истражувачки центар на Европската Унија (ЕУ) предупреди дека 44 отсто од европското земјиште се соочува со ризик од суша.

Заедничкиот истражувачки центар во извештајот што го подготви во јули, во кој е вклучена и Велика Британија, соопшти дека 44 отсто од земјата во ЕУ се наоѓа на ниво на „предупредување“, а 9 отсто е на алармантно ниво, соочувајќи се со ризик од суша.

Италија се наоѓа на врвот на листата меѓу земјите кои се најпогодени од екстремните горештини. Најекстремна суша може да се забележи по течението на реката По, во северниот дел на земјата.

Кога станува збор за исполнетоста на резервоарите за вода во Шпанија, регистриран е пад од 31 отсто во однос на просекот во последните десет години.

Во Португалија е забележан пад од 50 отсто на нивото на водата во хидроелектраните која се користи за производство на електрична енергија, во однос на просекот во последните седум години.

Екстремните горештини, особено во Франција, Романија, Шпанија, Португалија и Италија, негативно влијаат врз земјоделскиот принос.

Предвидувајќи негативни временски услови за претстојните месеци, ваквата ситуација во опасност го става снабдувањето со вода.

Иако во моментов стратегиите за намалување на сушата се исклучително важни, се препорачува да им се придаде важност на борбата против климатските промени и влошувањето на циклусот на водата, кои претставуваат основните причини за настанатиот проблем.

Топлотниот бран се забележува и на Северот

Додека земјите од Јужна Европа со денови се борат со екстремните горештини и шумските пожари, од високите температури на воздухот, оваа недела, погодени се и земјите како Белгија, Германија и Велика Британија.

Во овие земји во кои се предвидуваат температури до 40 степени Целзиусови, дури и повеќе, дадени се предупредувања и преземени се различни мерки на претпазливост.

AA
Популарни