Европа насочена кон јаглен и нуклеарна енергија поради енергетската криза

Европа насочена кон јаглен и нуклеарна енергија поради енергетската криза

Најмалку 26 затворени електрани на јаглен во ЕУ повторно се пуштени во погон минатата година.
Најмалку 26 затворени електрани на јаглен повторно се пуштени во погон во ЕУ минатата година.      Фото: Ројтерс

Соочени со енергетска криза поттикната со Руско-украинската војна, европските земји се пренасочија на јаглен и нуклеарна енергија, кои до неодамна беше планирано да престанат да се користат.

Рускиот прекин на испорака на природен гас како одговор на санкциите на Европската Унија поради војната во Украина дополнително ја продлабочија енергетската криза во Европа.

Уделот на јагленот во вкупното производство на електрична енергија во земјите на ЕУ се зголеми на 16 отсто во 2022 година, а две години претходно изнесуваше 13 отсто.

Најмалку 26 затворени електрани на јаглен повторно се пуштени во погон во ЕУ минатата година.

Земјите на ЕУ, под притисок на јавноста, безбедноста во снабдувањето со енергија со години ја ставаа во втор план и наместо тоа, се фокусираа на политиката на заштита на животната средина и спречување на климатските промени, но беа принудени да ги сменат своите ставови со прекинот на испораката на природниот гас од Русија.

Енергетската криза го намали противењето за употребата на јагленот и нуклеарната енергија во европските земји.

TRT Balkan / агенции
Популарни