Јужна Туркије и северозападна Сирија кои на 6 февруари беа погодени од катастрофални земјотреси низ историјата претрпеле слични или уште поразорни катастрофи. Региониот лежи на раседот на арапската, анадолската и африканската тектонска плоча.
Во продолжение ТРТ Балкан ви пренесува за некои од најразорните земјотреси во историјата на регионот, кои во континуитет се случуваат од античко време до почетоците на 20 век.
Антакија 115 година
Најкатастрофален земјотрес во регионот се случил на 13 декември 115 година. Околу 260.000 луѓе ги загубиле животите во земјотресот со јачина од 7,5 степени. Овој земјотрес е еден од најпознатите во античко време бидејќи го погодил главниот град на Римската империја, а царот Трајан бил во градот кога се случил.
Антиохија (Антакија) и околните зони биле уништени со големи загуби на животи и имоти. Се почувствувал низ Блискиот Исток и Источниот Медитеран.
Антакија 526 година
По четири века се случил земјотрес со јачина од 7 степени, а 18 месеци потоа следеле последователни потреси. Градот бил преполн со луѓе. Од вечерните часови, многу луѓе биле во своите домови во тие зони. Повеќе од 250.000 луѓе загинале од овој земјотрес. По земјотресот следел пожар кој уништил поголем дел од зградите што останале по земјотресот. Бројката на загинати била ужасна за тој период и се вбројува меѓу најголемите катастрофи во историјата на човештвото.
Земјотресот предизвикал сериозни оштетувања на многу градби во Антакија. Се вели дека останале само куќите изградени во близина на планината. Најголемиот дел од штетите, сепак, се резултат на пожарите кои продолжиле неколку дена веднаш по земјотресот, кои биле влошени од ветрот.
Мараш 1114 година
Земјотресот во Мараш или денешен Кахранманмараш се случил во раните утрински часови на 29 ноември 1114 година. Магнитудата била поголема од 7,4 степени.
Мараш бил важен град во тоа време. Матеј од Едеса пишува дека никој што живеел во градот не го преживеал земјотресот и дека околу 40.000 луѓе ги загубиле животите. Оваа бројка изгледа преголема бидејќи се проценува дека населението на градот било само неколку илјади.
Алепо 1138 година
Земјотресот во Алепо од 1138 година е еден од најсмртоносните земјотреси некогаш регистрирани. Го погодил сирискиот град Алепо на 11 октомври 1138 година. Градот претрпел голема штета и се проценува дека загинале 230.000 луѓе.
Алепо се наоѓа на северот на Сирија. Регионот, кој се наоѓа на границата помеѓу арапската геолошка плоча и африканската плоча, е дел од системот на расцеп на Мртвото море. Во почетокот на 12 век, овој древен муслимански град бил дом на десетици илјади жители. На 10 октомври 1138 година, мал земјотрес го погодил регионот и некои жители побегнале во околните градови. Главниот земјотрес се случил следниот ден. Додека градските ѕидини се уривале, камењата паѓале на улиците. Цитаделата на Алепо се урнала, при што загинале стотици жители.
Земјотресот наводно бил почувствуван дури до Дамаск, на околу 350 километри јужно. Земјотресот во Алепо бил првиот од неколкуте што се случиле помеѓу 1138 и 1139 година, што ги уништило зоните во северна Сирија и западна Туркије.