Чавушоглу рече дека Атина го блокира патот до правдата за постоечките прашања.        Фото: АА

Туркије упати критики до Грција поради нејзината „неискрена“ и „нечесна“ позиција за прашањата на Егејското Море и Источниот Медитеран.

Говорејќи на настанот на Фондацијата за политички, економски и социјални истражувања (СЕТА) со седиште во турскиот главен град Анкара, турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека Атина го блокира патот до правдата за постоечките прашања.

Запрашан за тврдењата дека Грција подготвува напад врз Туркије, Чавушоглу рече дека тоа би значело дека Атина „ги изгубила сетилата“.

Велејќи дека Атина многу добро знае што значи да се спротивставиш на Анкара, министерот ја потсети Грција „да не гледа кој стои зад тебе, туку да гледа со кого се соочува“.

TRT Balkan / агенции
Популарни