Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика се приклучи кон честитките за Силјановска - Давкова / Photo: AA

Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, денеска и честиташе на новоизбраната македонска претседателка, Гордана Силјановска-Давкова.

„ЕУ и честита на претседателката Силјановска-Давкова за изборот и со нетрпение очекува да работи со новиот претседател, првата жена шеф на државата во Северна Македонија“, се вели во изјавата на Борел.

Борел рече дека Северна Македонија направила одлучни чекори во процесот на пристапување во ЕУ.

„Сега ќе биде важно да се спроведат преостанатите обврски неопходни за отворање на првиот кластер во процесот на пристапување“, истакна високиот претставник на ЕУ за надворешна политика.

Во Северна Македонија во средата се одржаа парламентарни избори и вториот круг од претседателските избори.

Околу 1,8 милиони регистрирани гласачи имаа право да изберат 120 членови на парламентот за четиригодишен мандат.

Граѓаните во вториот круг на претседателските избори гласаа за Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова .

Силјановска-Давкова освои 64,80 отсто од гласовите, додека Пендаровски 29,21 отсто.

TRT Balkan / агенции
Популарни