Државната изборна комисија го комплетира пребројувањето на гласовите од изборите / Photo: AA

Државната изборна комисија на веб страницата ги објави конечните резултати од македонските парламентарни и претседателски избори кои се одржаа вчера. Според податоците кои се однесуваат на парламентарните избори, победник е коалицијата “Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Таа освоила 436.036 гласа и во Собранието ќе има 58 пратеници.

Коалицијата “Европски фронт” на ДУИ и коалициските партнери освои 137.561 глас и 19 пратеници. Коалицијата за европска иднина” предводена од СДСМ доби поддршка од 154.687 гласачи. Во Собранието ќе има 18 пратеници.

Коалицијата “Влен” има 107.081 гласови и во Собранието ќе биде претставена со 13 пратеници. Левица доби 68.663 гласови и ќе има шест народни избраници. Движењето ЗНАМ е поддржано од 56 288 гласачи. Во законодавниот дом ќе има шест претставници.

На претседателските избори убедлива победа освои кандидатката на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска – Давкова. За неа гласаа 561.000 од оние граѓани кои излегле на избори. Нејзиниот противкандидат предложен од коалицијата на СДСМ Стево Пендаровски го поддржале 251.899 гласач.

TRT Balkan / агенции
Популарни