Во пристаништето Копер запленети се 260 килограми кокаин, а запленетата дрога на пазарот вреди околу десет милиони евра.
Според словенечките медиуми, пред неколку дена во пристаништето Копар биле запленети 260 килограми кокаин. Чуварите забележале сомнителен нуркач покрај товарен брод кој носел соја од Јужна Америка.
Нуркачите се обиделе да извлечат пет големи кеси од резервоарот за вода со баласт.
По брза интервенција, фатени се нуркачите кои со скутер се спуштија по реката Рижана.
Се вели дека се државјани на Бразил и Албанија.