Бугарија запленила дрога вредна 70 милиони долари во нејзиното црноморско пристаниште Бургас, објавија денеска локалните медиуми.
Повеќе од 430 килограми хероин биле пронајдени во приколка што пристигнала со траект на пристаништето од грузиското пристаниште Батуми, изјави окружниот обвинител Георги Чинев, цитиран од државната новинска агенција БТА.
Велејќи дека ова е најголемото количество наркотици запленето во регионот откако се води статистика, обвинителот додаде дека обидот за шверц бил извршен преку Кавказската рута, една од главните рути за трговија со Западна Европа.
TRT Balkan / агенции