Пред точно еден месец делови од Босна и Херцеговина беа погодени од катастрофални поројни поплави и лизгање на земјиштето во кои загинаа 27 лица.
Најтешко погодена беше Доња Јабланица, населено место во општина Јабланица, каде што загинаа 19 лица, а причинета е огромна материјална штета.
Многу семејства останаа без најблиските, пријателите и соседите, како и без покрив над главата.
Екипата на Агенција Анадолу ја посети Доња Јабланица и ја увиде моменталната состојба на теренот.
Работите на расчистување на урнатините сѐ уште траат, а волонтерите сѐ уште работат на расчистување на патиштата и куќите кои беа оштетени во поплавите.
Во Доња Јабланица има и војници на Вооружените сили на Босна и Херцеговина кои секојдневно им помагаат на граѓаните во санирањето на штетите.
Продолжуваат работите и на расчистување на патните комуникации и објекти во Злати, Мирка, Чехари, Чивеље и прекуезерските села и на уредување на патот за градската депонија во Заком и другите подрачја погодени од поплавите.
Освен тоа, сè уште траат работите на уредувањето на локацијата за поставување контејнерска населба за сместување на семејствата на загинатите во неодамнешните поплави.
Стручни екипи го посетуваат теренот и ги проценуваат штетите, и даваат препораки за нивно отстранување. Се врши достава на храна и лекови до жителите на подрачјето на општината.
Во поплавите и свлечиштата во Босна и Херцеговина што се случија на 4 октомври на подрачјето на Јабланица загинаа 19 лица, пет на подрачјето на Општина Коњиц и три лица на подрачјето на Општина Фојница.