Џафери: Глобалниот мир е приоритет на владите од светот / Photo: Влада на РСМ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери ја започна својата агенда на годинешната Минхенска безбедносна конференција.

Пред првите билатерални средби премиерот Џафери изјави:

„Од денес до недела се наоѓаме во Минхен заради следење на работите на Минхенската конференција за безбедност. Секако дека значењето на оваа конференција е во доменот на актуелните случувања во гео-стратешките и геополитичките случувања во светот. Фокусот главно се претпоставува дека ќе биде состојбата во Украина и секако проследена со состојбите во Блискиот Исток“, истакна Џафери.

Тој додаде дека пропратно, тема ќе биде безбедноста и одбраната во Европа и улогата на Европа во тој контекст.

„Секако значењето на конференцијата и како проследување на темата ќе биде и фактот дека во повеќе од 65 земји во светот, преку 2 милијарди граѓани ќе имаат можност на избори да ја искажат својата волја и секако дека тоа е од посебен интерес за да се обезбедат соодветни демократски предуслови за слободни, фер избори од кои ќе произлегуваат новите институции во соодветните држави. Во оваа ситуација ќе ја имам можноста соодветно да имам и билатерални средби со повеќе колеги од другите земји кои учествуваат на конференцијата“, нагласи Џафери.

Оттука, додаде тој, пораката за соодветна соработка со сите нив и по однос на нашата состојба со документите ќе биде една од темите за која што ќе се разменуваат мислења со колегите со кои ќе ја имам можноста да поразговараме билатерално.“

TRT Balkan / агенции
Популарни