Операцијата беше спроведена во 77 држави, при што во овие држави откриени се 1.121 украден автомобил и 64 мотоцикли. На територијата на Република Северна Македонија за време на акцијата беа извршени 1.540 проверки на лица и 1.467 моторни возила.     Фото: АА

Министерството за внатрешни работи (МВР) на Северна Македонија во координација со Интерпол, учествуваше во операција спроведена во 77 држави, при што се откриени над 1.120 украдени автомобили и над 60 мотоцикли.

МВР соопшти дека во соработка со Царинската управа, Јавното обвинителство, Пазарната инспекција и Управата за јавни приходи, во тесна координација со Генералниот секретаријат на Интерпол, учествуваше во глобална операција против криминал со моторни возила, координирана од Генералниот секретаријат на Интерпол.

„Операцијата беше спроведена во 77 држави, при што во овие држави откриени се 1.121 украден автомобил и 64 мотоцикли. На територијата на Република Северна Македонија за време на акцијата беа извршени 1.540 проверки на лица и 1.467 моторни возила. Одземени се 10 возила и еден мотоцикл под сомнение за фалсификат“, се вели во соопштението на МВР.

Оттаму, информираат и дека при преглед на плац за продавање на делови за моторни возила т.н. авто отпад извршена е идентификација на 62 возила за кои е утврдено дека имало избегнати давачки, со што правното лице и одговорното лице на правниот субјект сториле кривично дело „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама.“

Граѓаните да внимаваат при купување половни возила

Од МВР апелираат до граѓаните да внимаваат при купување на половни моторни возила и увоз од странство, особено на веродостојноста на документите и потеклото на возилото согласно законодавството во државата од каде се увезува.

TRT Balkan
Популарни