Проширувањето на ЕУ е високо на агендата на неформалниот самит на шефови на држави и влади на ЕУ следната недела / Photo: AA

Австрија во „нон-пејпер“ понуди конкретни предлози за побрза интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, објави Танјуг.

Министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг и министерката за европски прашања, Каролин Едштадлер сакаат да промовираат побрза интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ.

За таа цел во писмо и „ нон-пејпер“ до високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Жозеп Борел и комесарот за проширување, Оливер Вархеји му презентираа конкретни предлози.

Во „нон-пејперот“ се наведени предлозите што беа претставени во мај 2022 година, пренесува австрискиот јавен сервис ОРФ.

Од гледна точка на двајцата австриски министри, ова има за цел да го забрза процес на проширување на ЕУ кој е во стагнација.

Во своето писмо, Шаленберг и Едштадлер ја повикуваат ЕУ да има „јасен план за побрза интеграција до 2024 година и понатаму“.

Според нацрт-документот, акцискиот план треба да обезбеди конкретни чекори за спроведување на постепената интеграција на земјите од Западен Балкан до 2024 година и потоа. Финансиската поддршка има за цел да стане поефикасна преку подобрен систем на стимулации моделирани според плановите за реконструкција и отпорност.

Згора на тоа, земјите од Западен Балкан треба редовно да бидат поканети неформално да учествуваат на состаноците на Советот на ЕУ.

ОРФ наведува и дека проширувањето на ЕУ е високо на агендата на неформалниот самит на шефови на држави и влади на ЕУ следната недела,

Tanjug
Популарни