БиХ: Детето кое пукаше во основно училиште во Лукавац под полициски надзор / Photo: AA

По пукањето утринава во основното училиште „Лукавац Град“, се огласија од Полициската управа на Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла соопштувајќи дека детето што пукало е под полициски надзор.

„Веднаш по добивањето на пријавата, по излегувањето на полициските службеници на Полициската управа Лукавац на местото на настанот, најдено е дете за кое постои сомнение дека пукало од огнено оружје, при што се пронајдени фрлено огнено оружје и други предмети. Детето (на возраст под 14 години) се наоѓа под полициски надзор во просториите на Полициската управа Лукавац... Во пукањето повредено е едно лице, Н.О. (1985), од Лукавац, вработен во ОУ 'Лукавац Град', кој се здобил со тешки телесни повреди констатирани на Клиниката за хирургија, а, според досегашните информации, повредениот е на операција која сѐ уште е во тек”, се истакнува од Полициската управа на МВР на Тузланскиот кантон.

Оттаму додаваат дека обезбедувањето на местото го вршат полициски службеници, а истрагата под надзор на дежурниот обвинител на Кантоналното обвинителство на кантонот Тузла, кој е на самото место, ќе ја спроведуваат истражители од Секторот за криминалистичка полиција на Полициската управа на МВР на кантонот Тузла и Одделот за криминалистичка полиција на Полициската управа Тузла.

На местото на настанот се наоѓа и обвинител за малолетници.

TRT Balkan / агенции
Популарни