Убиецот пукал во колегите кои биле во Комисијата што го суспендирала / Photo: AA

Силни полициски сили се во Сански Мост, каде што се зголемени безбедносните мерки додека полицијата го истражува тројното убиство во Средношколскиот центар.

Министерството за внатрешни работи на Унско-санскиот кантон претходно потврди дека во пукотницата во Средношколскиот центар во Сански Мост загинале три лица, а едно лице е повредено.

Инцидентот се случил во 10.15 минути, возрасен маж со употреба на автоматска пушка убил тројца вработени во Гимназијата „Сански мост“ и се обидел да се самоубие“, изјави Аднан Бегановиќ, портпарол на МУП на УСК.

Тој додаде дека мажот се здобил со тешки телесни повреди и со брза помош на Здравствениот дом „Сански мост“ бил испратен во Ургентниот центар во Бања Лука.

„Повредите се опасни по живот, полицијата е на лице место, врши истражни дејствија за прибирање информации за утврдување на фактите и околностите зошто дошло и како дошло до овој немил настан“, рече Бегановиќ.

Според неофицијални информации, осомничениот Мехмед Вукалиќ, училишен домар ги застрелал директорот на Гимназијата Нијаз Халиловиќ, професорката по англиски јазик Гордана Ниџан и секретарката на училиштето Нисвета Кљуниќ.

Мотивот за нападот наводно се одредени несогласувања кои постоеле и претходно бидејќи лицата во кои пукал биле дел од комисијата која претходно го суспендирала, наводно поради неизвршување работни задачи. Наводно и претходно вербално им се заканувал.

TRT Balkan / агенции
Популарни