На повик на неколку политички партии, во Сараево е одржан мирен протест пред зградата на Кабинетот на високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина (ОХР).
Неколку илјади граѓани се собраа на протестот одржан синоќа испраќајки порака дека решенијата се втемелени на етничка дискриминација, решенија спротивни на сите демократски и правни стандарди, и според нив се во потполност неприфатливи.
Дерво Сејдиќ, кој поднесе жалба пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, повика на протести како реакција на несогласување со планираните измени на Изборниот закон во Босна и Херцеговина.
На повикот за протест се приклучија и бројни политички партии, најпрвин Социјалдемократската партија на БиХ (СДП) и Демократски фронт (ДФ), потоа и Движењето на демократска акција (ПДА), Наша странка, како и Странка на демократска акција (СДА), Народ и правда (НиП) и други чии лидери присуствуваа на протестот пред ОХР.
Собраните демонстранти го истакнаа државното знаме на Босна и Херцеговина. Не беа забележани инциденти на протестот, а собирот го обезбедуваа голем број припадници на полицијата.
26 јул 2022
БиХ: Неколку илјади граѓани протестираа пред зградата на ОХР
Причина за одржување на протестот е евентуалната одлука на високиот претставник Кристијан Шмит за измените на Изборниот закон и Уставот на Федерацијата БиХ.
TRT Balkan / агенции
Поврзани новости
Кристијан Шмит: Ова е последен повик до политичарите да се вразумат
Граѓаните на оваа земја заслужуваат иднина и напредок во сопствената земја. Премногу работи се доведени во прашање во овој критичен момент за ситуацијата да може да продолжи. Оваа земја сега ја има шансата што ѝ е дадена преку кандидатски статус“
Написи во тренд во оваа категорија
Каде во регионот функционираат заедничките гранични премини?
Со потпишување на Протоколот за заеднички гранични премини Блаце – Елез Хан и Јажинце – Глобочица, на заедничката меѓувладина седница на Косово и Северна Македонија, направен е значаен чекор кон целосна имплементација на концептот „One Stop Shop“.
Владата ќе му даде нафта на заем на Град Скопје за автобусите на ЈСП
Се донесе одлука со која се утврдува постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје, со што се овозможува да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата, соопштија од Владата
Хрватска и Бајкар потпишаа договор за набавка на борбени дронови Бајрактар
Бајрактар TБ2, водечката турска одбранбена платформа, ќе се приклучи на пописот на хрватските безбедносни сили и ќе започне со операции во хрватскиот воздушен простор, се наведува во соопштението на турскиот производител на беспилотни летала Бајкар
Што друго би сакале да знаете?
Популарни