На подрачјето на Средно Подриње, пронајдени и ексхумирани се 81 масовна гробница со остатоци на лица убиени во геноцидот извршен во летото 1995 година во подрачјето на Сребреница во Босна и Херцеговина.
Станува збор за примарни и секундарни гробници, јами и изгорени тела во куќите. Повеќето од жртвите на геноцидот се пронајдени и ексхумирани во 38 масовни гробници во областа на општина Зворник.
Генерално се работи за посмртните остатоци пронајдени на површија на земја.
Во тек се подготовките за колективен погреб и погреб на уште 29 жртви на геноцидот извршен во 1995 година во областа на Сребреница. Ова сè уште не е конечна бројка.
Мујо Хаџиомеровиќ, претседавач на Колегиумот на директори на Институтот за исчезнати лица на БиХ, рече дека во моментов има уште 55 идентификувани нецелосни останки во мртовечниците каде што семејствата не одлучиле да ги погребаат во Поточари поради некомплетноста на телата. „Веќе сме во разговори со здруженијата да се обидеме да дојдеме до семејствата кои ќе се обидеме да ги увериме дека во овој момент нужно да се земе место за тој идентитет во Поточари. Во овие случаи семејствата избегнуваат да ги погребаат овие посмртни остатоци. Многу од тие семејства се во странство“, изјави Хаџиомеровиќ.
Говорејќи за исчезнатите на подрачјето на Сребреница рече дека во 1992 година пријавено е исчезнување на 281 лице, по пријави на членовите на семејствата.
„Во 1993 година се пријавени 110 лица за исчезнати, во 1994 година 30, а во 1995 година се пријавени за исчезнати 3.960. Досега за Сребреница се верификувани 7.757 идентитети, досега се идентификувани 6.960 и извршени се погреби. Во моментов има 7.970 неидентификувани. Знам дека ве интересира бројката што стои во Поточари - 8.372, таа бројка не можете да ја достигнете со збир или разлика. По геноцидот во Сребреница ексхумирани се 12.469 случаи. Уште трае процесот на анализи, идентификација, ДНК докажување, па кога ќе завршиме веројатно ќе дојде до бројката која стои во Поточари. Процесот се уште не е завршен. Од подрачјето на Сребреница се уште бараме 797 исчезнати“, појасни Хаџиомеровиќ.
Во текот на геноцидот извршен во летото во 1995 година убиен е голем број малолетници и жени кои, повеќето, преку шума се обидоа да дојдат до слободна територија - Тузла или Кладањ.
„Во нашата база на податоци стои дека 563 малолетници се убиени во геноцидот во Сребреница. Исчезнаа 60 жени“, истакна Хаџиомеровиќ. Посмртните остатоци на убиените во геноцидот се бараат и ден денес. Откриен е голем број масовни гробници, но процесот на пребарување уште не е завршен.
„Досега на подрачјето на Средно Подриње се пронајдени и ексхумирани 81 масовна гробница. Станува збор за примарни и секундарни гробници, јами и изгорени тела во куќите. Најмногу жртви се пронајдени на подрачјето на општина Зворник. Со вкупно 38 масовни гробници, тоа се главно остатоци пронајдени на површината на земјата. Колоните кои одеа кон слободната територија и бараа спас кон Тузла, најмногу минуваа низ областите Братунац, Власеница, Зворник...“, потенцира Хаџиомеровиќ.
Како што рече, примарните гробници каде се пронајдени по 1.000 убиени е Пилица (Зворник), Брана Петровци (Зворник), Козлук (Зворник), Грбавци (Зворник) и Глогова (Братунац).
„Најголема секундарна гробница е Каменица 10 (Зворник), каде се ексхумирани 1.153 случаи. Најоддалечена масовна гробница на Сребреничани е пронајдена во Калиновик, 200 километри од Сребреница. Тука се и оние шест момчиња кои се пронајдени во Годињските Бари кај Трново“, изјави Хаџиомеровиќ за новинската агенција Анадолу (АА).
Во последно време, нагласи тој, се соочуват со неточни и недоволни информации за да вршат ексхумација.
„Се свртевме кон 12 мртовечници на територијата на Босна и Херцеговина, да видиме што имаме и практично да направиме ревизија. Се обидуваме да затвориме и некои мртовечници, како што е мртовечницата во Горажде и Модрича, бидејќи издвојуваме одредени средства за чување на посмртните останки. Всушност, имаме околу 1.600 НН лица каде имаме ДНК, но нема совпаѓање со ДНК крвта“, појасни Хаџиомеровиќ.
Во недостаток на информации, се свртеле кон нови методи на пребарување на исчезнатите.
„Станува збор за обука на специјално дресирани кучиња. Норвешката организација во Сараево спроведува обука и со нив одиме на терен. Покрај кучињата, за да ја завршиме нашата работа, одиме и во набавка на скенери кои ќе можат да пронајдат остатоци од калциум, односно коски, десет метри под земја. И во судските процеси кои се случуваат пред Судот на БиХ се појавуваат сведови кои ни даваат информации и се обидуваме да ги искористиме“, рече Хаџиомеровиќ. Тој потсети дека во текот на војната во 90-тите во Босна и Херцеговина пријавено е исчезнување на 34.000 лица.
„Од 34.000 пријави, верификувано е исчезнување на 29.704 лица. Во Босна и Херцеговина како исчезнати се водат уште 7.500 лица. Во БиХ досега се пронајдени 80 отсто од исчезнатите, што никаде во светот не се случило, по судирот да се пронајдат толку лица. Нашите искуства се обидуваме да ги пренесеме и на другите подрачја како што се Украина, Либија и Азербејџан“, додаде Хаџиомеровиќ.