Главниот преговарач на Косово во разговорите со Србија, Бесник Бислими     Фото: АА

Првиот потпретседател на Владата на Косово и главниот преговарач на Косово во разговорите со Србија, Бесник Бислими изјави дека и покрај волјата и заложбите на косовската страна во процесот на дијалогот со Србија постои поткопување на тој процес од страна на Србија.


Бислими тоа го изјави додека поднесуваше извештај до собранискиот Одбор за европски интеграции за досегашниот тек на дијалогот, кој Косово и Србија го водат во Брисел, со посредство на специјалниот пратеник за дијалог на ЕУ, Мирослав Лајчак.


Тој рече дека минатата недела во Брисел се состана со Лајчак, но дека до планираниот трилатерален состанок не дојде, бидејќи српската страна не учествуваше.

„Имаме саботажа или подривање на процесот од страна на Србија, но за да покажам одлучност на косовската страна, дека сме активни во дијалогот и дека работиме на конечниот договор, отидов во Брисел и имав два состаноци со господин Лајчак на кои разговаравме за понатамошните чекори“, нагласи Бислими.


Тој рече дека идејата за трилатерален состанок Косово-Србија-ЕУ во Брисел е да се подготви терен за состанок на косовскиот премиер Албин Курти и претседателот на Србија Александар Вучиќ, но дека тавко нешто не е конкретизирано поради Србија.


„Идејата за трилатерален состанок беше да се подготви терен за наредниот состанок, можеби оваа недела или утре, помеѓу двајцата шефови на држави, но и тоа беше тешко поради неподготвеноста на господин Вучиќ да оди во Брисел. Господинот Курти изјави дека е спремен што поскоро да се започне разговорот за сеопфатен договор, но Вучиќ како причина ја наведе посетата на претседателот на Египет, кој се очекува во Србија да престојува три дена“, рече Бислими.

Заменик премиерот Бислими повтори дека критериумите за либерализација на визниот режим се исполнети пред четири години и изрази оптимизам дека многу брзо би можело да има добри вести.


Тој истакна дека косовската страна работи со чешкото претседавање со ЕУ прашањето на визи да се стави на дневен ред и дека никогаш немало повеќе изјави дека ова е одлучувачки момент за либерализација на визите. Граѓаните на Косово се единствените кои на Балканот немаат визна либерализација.

AA
Популарни