Пратениците на Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина на итна седница го потврдија назначувањето на претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто.
На оваа позиција ја предложи Хрватската демократска заедница (ХДЗ).
Претседателството на Босна и Херцеговина претходно донесе одлука со два гласа „за“ и еден „против“ донесе одлука за именување на Борјана Кришто за претседавач со Советот на министри на БиХ.
„За“ гласаа Жељка Цвијановиќ (Сојуз на независните социјалдемократи -СНСД) и Денис Беќировиќ (Социјалдемокртска партија -СДП), а против беше Жељко Комшиќ (Демократски фронт).
„Сакам овој период од неколку недели зад нас да послужи како пример на визијата на Босна и Херцеговина во која можеме да се носиме со предизвиците во корист на поголемите цели во која ќе има место за сите наши различности“, порача Кришто во експозето пред пратениците.
Претседавачот со Советот на министри на БиХ стапува на должноста откако неговото именување ќе го одобри Претставничкиот дом. Ако Домот не ја потврди одлуката на Претседателството на БиХ, Претседателството на БиХ тогаш е должно во рок од осум дена да именува друг претседавач со Советот на министри и таквата одлука да ја достави на потврда во Претставничкиот дом на ПСБиХ.
По завршување на денешната прва итна седница на Претставничкиот дом на државниот парламент, би требала да биде одржана и редовна седница на Домот на чиј дневен ред е и именување на членовите на постојаните комисии на Претседавничкиот дом.