Борел: Косово и Србија постигнаа договор за личните документи     Фото: АА

Косово и Србија постигнаа договор за личните документи, соопшти високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската унија Џозеп Борел.

Борел објави дека Србија одлучила да го укине излезно-влезниот документ за лицата кои во Србија влегуваат со косовските лични карти.

„Во рамките на Дијалогот со поддршка на ЕУ, Србија се согласи да ги укине документите за влез/излез на носителите на косовските лични документи, а Косово се согласи да не ги воведува за носителите на српските лични карти“, напиша Борел на Твитер.
Како што наведе дека „косовските Срби, како и сите останати граѓани, ќе можат слободно да патуваат помеѓу Косово и Србија користејќи ги своите лични карти“.

„ЕУ всушност за ова доби гаранции од премиерот Курти“, соопшти Борел

Меѓународната заедница, предводена од ЕУ и САД, посредуваше за да не се случат тензии од 31 јули, кога локалните Срби ги блокираа патиштата на северот на Косово поради мерките на Владата на Косово да воведе реципроцитет на документите од Србија и пререгистрација на српските таблици со ознаки на косовските градови кои ги издава Србија на РКС таблици. Патиштата се одблокирани кога косовската Влада примената на одлуката ја одложи за први септември.

AA
Популарни