Борел повика на одржување нови локални избори во северниот дел на Косово / Photo: Reuters

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, синоќа повика на одржување нови локални избори во северниот дел на Косово на кои би учествувале и Србите.

Изјавата на Борел следуваше по состанокот со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претседателката на Косово, Вјоса Османи, и претседателот на Франција, Емануел Макрон.

„Имаме три јасни барања: нови локални избори, обезбедување учество на косовските Срби и почеток на работата за воспоставување на Заедницата на српски општини со дијалог и поддршка од ЕУ“, рече Борел.

„Доколку не го сторите тоа, тоа ќе има сериозни последици врз нашите односи“, предупреди Борел.

Судирите започнаа прво минатиот петок кога специјалните сили на полицијата на Косово асистираа при влегувањето на новиот градоначалник во општинската зграда во Звечан. Потоа во понеделникот дојде до судири меѓу демонстрантите и трупите на КФОР, во кои се повредени 30 војници на меѓународните сили и неколку десетици демонстранти.

Од понеделникот српските граѓани секојдневно протестираат во општините во северниот дел на Косово.

Српска листа на почетокот на ноември ги напушти сите косовски институции во северниот дел на Косово поради одлуката за задолжително пререгистрирање на возилата со српски регистарски таблички во таблички со ознаката РКС, што беше причина за распишување вонредни избори.

Овие избори беа бојкотирани од страна на српската заедница, а излезноста на изборите беше помала од 4 отсто, што резултираше за градоначалници да бидат избрани албанските кандидати.

НАТО неодамна одлучи да распореди 700 дополнителни војници во Косово и да го задржи баталјонот во готовност во случај на понатамошна потреб

TRT Balkan / агенции
Популарни