Како последица на обилните врнежи од дожд кои во вторникот го зафатија подрачјето на општина Челиќ, се излеаја сите водотеци.      Фото: АА

Oпштина Челиќ во Босна и Херцеговина прогласи состојба на природна катастрофа поради обилните дождови кои предизвикаа излевање на потоците и реките од коритото, соопшти утринава Кантоналната управа за цивилна заштита на Тузла.

Како последица на обилните врнежи од дожд кои во вторникот го зафатија подрачјето на општина Челиќ, се излеаја сите водотеци.

„Најтешка е состојбата во населените места Челиќ, Брњик, Лукавица, Ратковиќи и Шибошница. Според првите информации од терен, под вода се околу 30 станбени објекти и неколку помошни објекти. Голем број локални патишта беа целосно отсечени синоќа, како и неколку помали мостови кои беа уништени“, соопшти Кантоланската управа за цивилна заштита во Тузла.

Општинскиот штаб за цивилна заштита на состанокот одржан во вторникот вечерта, анализирајќи ја состојбата на подрачјето на општина Челиќ, донесе одлука за прогласување на состојба на елементарна непогода предизвикана од поплави.

AA
Популарни