„Не дадов датуми на седницата на Владата на Србија, но верувам и се надевам дека изборите ќе се одржат во декември“, изјави денеска српската премиерката Ана Брнабиќ.
Таа ги коментираше информациите што се појавија во одредени медиуми дека на седницата наводно побарала од министрите и од државните секретари сите уредби и прописи кои се во процедура да бидат донесени до средината на октомври.
„Не се точни информациите што ги добивте од луѓето кои беа присутни на владиниот состанок. Не дадов никакви датуми. Што се однесува до мене, верувам и се надевам дека тоа ќе биде во декември. Секогаш сме подготвени за избори, реков дека мислам дека е подобро да се одржат порано, а не подоцна, и конечно, пред два месеци реков дека мојата оставка е на маса и дека опозицијата, доколку сака избори, треба да почне разговори за технички детали“, изјави Брнабиќ.
Таа додаде дека се е во согласност со она што го зборувале претходно, но и во согласност со барањето на опозицијата од септември, иако тоа не е во согласност со она што го кажаа претходно, а тоа е дека не треба да се распишуваат избори.