Делегацијата на Министерството за одбрана на Бугарија, на чело со министерот Димитар Стојанов, престојува во официјална посета на Босна и Херцеговина, во рамките на која во Сараево се состана со државниот министер за одбрана Сифет Поџиќ.     Фото: АА

Делегацијата на Министерството за одбрана на Бугарија, на чело со министерот Димитар Стојанов, престојува во официјална посета на Босна и Херцеговина, во рамките на која во Сараево се состана со државниот министер за одбрана Сифет Поџиќ.

Делегациите и министрите разговараа за билатералната соработка на министерствата за одбрана на двете земји, плановите за иднина, за безбедноста во регионот и еконот на руската војна во Украина, како и за чувствителноста на југоистокот на Европа.

Поџиќ на прес-конференцијата потсети дека Бугарија е една од земјите кои имаат најброен контингент на своите припадници во Босна и Херцеговина кој делува во рамките на Воената мисија на Европската унија (ЕУФОР Алтеа).

Со бугарската делегација разговарано е за евентуалното вето на продолжувањето на извршниот мандат на мисијата на ЕУФОР Алтеа во ноември во Советот за безбедност на Обединетите нации.

„Некои земји според домашното законодавство мораат своите војници да ги повлечат од Мисијата на ЕУФОР, како што е случајот со Австрија, Швајцарија, но тие земји не се членки на НАТО сојузот. Во секој случај, очекувам, а разговаравме за тоа, дека иако би дошло до вето, војниците од Република Бугарија би останале во нова мисија“, рече Поџиќ.

Бугарскиот министер за одбрана Димитар Стојанов изјави дека неговата земја силно ја осудува руската војна во Украина и дека континуирано изразува поддршка на европската перспектива на државите од регионот на Западен Балкан.

„Ја поддржуваме и охрабруваме Босна и Херцеговина во настојувањата да продолжи со реформите на патот кон евроатлантските интеграции. Зачувувањето на стабилноста во земјите од Западен Балкан, со промоција на европските перспективи и евроатлантската ориентација е приоритет за Бугарија, а нашите добрососедски односи и регионалната соработка се фундаментални за процесот на проширување на ЕУ“, рече бугарскиот министер.

Тој додаде дека денес, во екот на комплицираната безбедносна ситуација во Европа, неопходно е да се продолжи со соработката помеѓу Бугарија и Босна и Херцеговина.

„Бугарија ќе продолжи да искажува континуирана посветеност на Мисијата на ЕУФОР Алтеа. Оваа операција игра клучна улога за стабилноста и безбедноста како во Босна и Херцеговина така и во регионот во целина. Продолжувањето на извршниот мандат на мисијата на ЕУФОР во Советот за безбедност на ОН, сега е уште поважно во контекст на радикалната безбедносна ситуација“, рече Стојанов.

Во рамките на бугарскиот контигент кој делува како дел операцијата „Алтеа“ на ЕУФОР во БиХ се наоѓаат 206 војници, а министерот за одбрана на Бугарија смета дека моментално нема потреба таа бројка да биде зголемена.

„Секако, имаме наша оперативна резерва при рака. Ако биде потребно можеме да ја активираме. Но моментално не сметаме дека за тоа постои потреба“, рече Стојанов.

AA
Популарни