Претседателот на Бугарија, Румен Радев, со указот што го потпиша, го одреди 2 октомври за ден кога ќе се одржат предвремените парламентарни избори во земјата.
Радев со друг указ го распушти Парламентот и ја назначи привремената влада на чело со Дилиб Донев, што ќе ја предводи земјата сè до формирање на новата влада.
Во привремената влада на Донев што на 2 август официјално ќе започне со работа, се наоѓаат 20 министри, од кои четворица вицепремиери.
Донев во втората привремена влада во 2021 година ја вршеше функцијата вицепремиер и министер за труд и социјални работи.
Исто така, во привремената влада министер за внатрешни работи ќе биде Петар Демерџиев, министер за надворешни работи ќе биде Николај Милков, и министер за одбрана ќе биде Димитар Стојанов.
Претходната влада на поранешниот премиер Кирил Петков на власт беше само шест месеци.