Она што го најави премиерот Милојко Сајиќ во предизборната кампања ќе се случи во текот на оваа година, рече министерката / Photo: Vlada Crne Gore

Министерката за труд и социјална заштита на Црна Гора, Наида Нишиќ денеска најави дека до крајот на годината во Црна Гора може да се очекува воведување седумчасовно работно време.

„Она што го најави премиерот Милојко Сајиќ во предизборната кампања ќе се случи во текот на оваа година“, рече министерката во интервју за Радио Црна Гора.

Таа истакна дека социјалните бенефиции во иднина ќе бидат поправедни, како и дека нема да има укинување на Фондот на ПИО, туку дека ќе се реформира, пренесува РТЦГ.

„Во тој владин ресор се работи на анализа на делот што се однесува на изедначување на пензиите“.

Нишиќ рече дека сите анализи покажале дека најголемата неправда е направена кон пензионерите кои својот работен век го поминале во различни земји, како и дека околу 3.500 пензионери од поранешните југословенски држави добиваат пензии кои кога ќе се соберат се пониски од просекот.

„Веќе имаме 34 ратификувани и потпишани Договори за задолжително осигурување со различни земји од околината и Европа. Најголемата пречка е што немавме потпишан договор со Албанија и усогласен со БиХ. Ова е важно поради континуираната размена на податоци. Договорот со Албанија наскоро ќе се најде на одобрување во Собранието, а нацртот е договорен и со Босна и Херцеговина“, рече министерката.

TRT Balkan / агенции
Популарни