Голем раст на заразени со корона вирус во Црна Гора     Фото: АА

Во Црна Гора од денеска мора да се носат заштитни маски во сите институции, продавници за прехранбени производи, аптеки и бензински пумпи.

Тоа е предвидено со новите мерки кои кои следуваат откако последните десетина дена бројката на заразени со коронавирус нагло порасна.

Директорот на Институтот за јавно здравје Игор Галиќ на прес-конференција рече дека носењето заштитни маски мора да се почитува и во затворените делови на аеродромите, железничките и автобуските станици.

Галиќ изјави дека мерките ќе бидат на сила во следните 14 дена, до 12 август.

„По анализата на епидемиолошката ситуација и споредбените анализи во земјите од регионот, Европа и светот дојдовме до заклучок дека поради зголемувањето на бројот на новорегистрирани случаи, особено кај лицата постари од 65 години и зголемениот број на хоспитализации да бидат воведени нови противепидемиски мерки”, рече Галиќ.

Тој истакна дека доколку мерките не доведат до подобрување на епидемиолошката ситуација ќе следи мерката за обврзувачко носење заштитни маски во секаков затворен простор.

Според Галиќ, од вкупниот број на починати, 72 проценти од луѓето биле невакцинирани. Самата пандемија како што истакна ќе го даде одговорот на прашањето дали ќе биде потребна и петта доза вакцина.

Државниот секретар во Министерството за здравство Елвис Омерагиќ рече дека актуелната мутација на коронавирусот е далеку позаразна односно дека има многу поголем степен на заразување во однос на претходните варијанти, но е помалку патогена.

AA
Популарни