Серверите на Владата на Црна Гора се на цел на кибер напади, соопштија од Министерството за јавна администрација на Црна Гора. Истакнуваат дека ова се најсофистицирани напади кои досега се случиле во Црна Гора.     Фото: АА (Архива)

Серверите на Владата на Црна Гора се цел на кибер напади, соопштија од Министерството за јавна администрација на Црна Гора. Истакнуваат дека ова се најсофистицирани напади кои досега се случиле во Црна Гора.

Од Министерствотo за јавна администрација информираат дека нивните експерти работат на утврдување на штетата.

„Прелиминарните податоци покажуваат дека се работи за најсофистицирани напади кои се случиле досега во Црна Гора и се состојат од комбинација на неколку различни методи на кибер напади“, се вели во соопштението.

Како што наведоа, за сега е потврдено дека со рано откривање на нападот е овозможено клучните системи да останат заштитени, но обемот на штетата се утврдува после што ќе бидат дадени и прецизни информации.

„Официјалната интернет страница на Владата на Црна Гора беше привремено затворена, односно изолирана, со цел посоодветна одбрана од кибер напади врз инфраструктура на Владата. Граѓаните можат безбедно да ги користат сервисите на Владата кои се во функција“, информира црногорското Министерство за јавна администрација.

TRT Balkan / агенции
Популарни