Ден на белите панделки: Сеќавање на злосторствата извршени во Приједор / Photo: AA Archive

Денот на белите панделки, во знак на сеќавање на 3.176 убиени и исчезнати Приједорчани во текот на војната во Босна и Херцеговина, се одбележува денес со различни активности во Босна и Херцеговина и пошироко.

Со години на 31 мај се укажува на важноста на одбележувањето на овој датум, но и се порачува дека е потребно да се негува културата на сеќавање и да не се заборават злосторствата

Симболиката на белите панделки потсетува на деновите во мај 1992 година, поточно на времето кога властите на босанските Срби издале наредба на сите Бошњаци и Хрвати во Приједор на прозорците да истакнат бели чаршафи, а доколку излегуваат надвор да врзуваат бели панделки околу раката. На тој начин се означени несрбите во Приједор после што почнаа масовните заробувања, убиства и силувања.

Во Приједор од 1992 до 1995 година протерани се околу 50.000 лица, низ логорите Кератерм, Омарска и Трнопоље и на уште 54 места за заложништво поминало околу 30.000 мажи, жени и деца од несрпска националност.

На денешен ден основан е логорот Омарска, низ кој поминале повеќе од 3.000 затвореници.

Со години на 31 мај се укажува на важноста на одбележувањето на овој датум, но и се порачува дека е потребно да се негува културата на сеќавање и да не се заборават злосторствата извршени во тој дел на БиХ, но и на други места.

Сите кои ја поминале голготата на минатата војна истакнуваат дека Денот на белите панделки е победа на човечноста над национализмот и ден на одбележување на злосторствата над сите невини луѓе и дека е неопходно да се присети на сите жртви и никогаш да не се заборави страдањето на децата и граѓаните на Приједор.

TRT Balkan / агенции
Популарни