Сега целта треба да биде решавачки напредок за реализација на 14 клучни приоритети, истакна претседателката на ЕУ / Photo: AA

Иднината на Босна и Херцеговина е во Европската унија, но мора да работиме и на приближување на нашите економии, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска во Сараево.

По средбата со претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто, таа испрати неколку пораки, но го презентираше и Планот за раст за Западен Балкан како и патоказот на регионот кон ЕУ.

Таа потсети на нејзината минатогодишна посета, која, како што рече, била посета во клучен момент кога се одлучувало за кандидатскиот статус на Босна и Херцеговина. Потоа, таа зборуваше за пораките кои ги имала при оваа посета.

Реализација на 14 клучни приоритети

„Мојата прва порака е уште еднаш да нагласам дека иднината на Босна и Херцеговина е во Европската унија. Сакам да истакнам колку сакаме Босна и Херцеговина да биде полноправна членка на ЕУ и да истакнам колку силна е нашата поддршка на вашиот европски пат. Покажавте преку формирањето на владата минатата година и сето она што беше направено во првата година од мандатот дека оваа земја навистина може да постигне резултати“, објасни Фон дер Лајен.

Сепак, наведе таа, сега целта треба да биде решавачки напредок за реализација на 14 клучни приоритети.

„Ова секако ќе претставува напредок во процесот на пристапување и ќе ве приближи до ЕУ. Морам да кажам дека нашата досегашна соработка беше одлична и ќе продолжиме тесно да соработуваме и во наредниот период. Сите знаат дека за да се постигне оваа цел, за да се постигне напредок,Босна и Херцеговина треба да дејствува обединето, да дејствува со еден глас и еден обединет став. И не можеме да дозволиме назадување во однос на нашите заеднички вредности во кој било дел од вашата земја, изјави Фон дер Лајен.

Таа се осврна на почитувањето на уставните уредувања, основните слободи, граѓанското општество...

„Сето тоа се основните вредности на ЕУ и тие се апсолутно клучни на европскиот пат. Иднината на оваа земја е во Европската Унија како единствена, обединета, суверена земја. Мојата втора порака за денес е дека мораме работиме на зближување на нашите економии. Имаме наш инвестициски план од 30 милијарди евра за Западен Балкан и овој план веќе брзо носи резултати. Еден пример се големите автопатски и железнички проекти долж Коридорот 5ц. Минатата година поминавме низ многу тешка енергетска криза заедно, но останавме едни покрај други, успешно ја надминавме и со тоа покажавме дека со заеднички настап и работа и обединет став заснован на такви принципи можеме да ја надминеме секоја тешкотија“, објасни Фон дер Лајен.

План за раст за Западен Балкан

Таа го истакна и проблемот со економијата на земјите.

„Вашата економија е околу 35 проценти од европскиот просек, многу неискористен потенцијал, што е важно за нас. И поради оваа причина, го презентираме новиот План за раст за Западен Балкан. Планот има четири компоненти. Првата е дека ние, од наша страна, го отвораме нашиот единствен пазар за деловни субјекти од Западен Балкан во седум важни гранки. Завршен е заедничкиот регионален пазар, БДП на Западен Балкан може да се зголеми за десет проценти. Тоа е нешто што допрва треба да се постигне, но потенцијалот е неоспорен и огромен. Третото е дека ако го отвориме нашиот единствен пазар, ако го комплетирате заеднички регионално, тогаш тоа неминовно повлекува одредени реформи кои мора да се спроведат за подобра интеграција“, истакна Фон дер Лајен.

Тај смета дека за Босна и Херцеговина тоа е подобро деловно опкружување, дигитализација, на која сите мора да работат и подготовка на економијата за зелена транзиција.

„Четвртиот принцип, кој го следи ова, се инвестициите. Комбинацијата на реформи и инвестиции е исклучително моќна. Се покажа како моќен инструмент. Веруваме дека може да биде успешен и на Западен Балкан. Доколку успешно се спроведе, Планот за раст не само што би ги зближил нашите економии, туку би отворил и нови работни места. Мислам дека ова е вистинската понуда што доаѓа во вистинско време. Ако успееме со се што имаме намера преку Планот за раст, имаме можност да ја удвоиме вашата економија во рок од една деценија. Тука сум да ја истакнам нашата поддршка и да кажам дека сме со вас“, рече Фон дер Лејен.

Таа посочи дека решавањето на сите 14 клучни приоритети, особено на делот што се однесува на владеењето на правото, е исклучително важно, особено за оваа земја.

„Сите земји од Западен Балкан имаат пристап до новиот План за раст, секако се предвидени одредени суми на средства за поединечни земји, но тие не се точно фиксирани. Реформите се услов. Ако се спроведат реформи, тогаш ќе дојдат средствата. Јасно ни е дека за реформите е потребно време, но ако ништо не се направи, ако не се спроведат реформи, средствата ќе се префрлат во другите земји од Западен Балкан кои ќе постигнат резултати. Ова е поттик за сите да работат, да напредуваат и да ги искористат овие економски можности“, додаде Фон дер Лејен.

Таа ја започна својата посета со средба со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ и Жељка Цвијановиќ.

Фон дер Лајен пристигна во Босна и Херцеговина како дел од нејзината балканска турнеја, откако претходно ги посети Северна Македонија, Косово, Црна Гора и Србија.

Посетата ќе заврши со церемонија на примопредавање на нови станови за 27 семејства во Вогошќа кои се корисници на Регионалната програма за грижа за домување, која во најголем дел е финансирана од Европската Унија, околу 80 отсто.


AA
Популарни