Новата 2024 година на полноќ е дочекана со музика, забава и огномет на плоштадите во Северна Македонија, Албанија и Косово.
Бројни граѓани Новата година ја дочекаа на плоштадот „Македонија“ во Скопје, каде што ги забавуваа различни музички групи од земјата.
Во рамки на настанот, забава приредија бројни музичари и бендови од земјата.
За разлика од претходните години, вечерва немаше организиран шоу со огномети од страна на институциите, но граѓаните по своја иницијатива фрлеа огномети.
„Оваа година средствата наместо за огномет повторно се пренасочени кон хуманитарни цели“, соопшти Град Скопје.
Дел од граѓаните Новата година ја дочекаа во домашна атмосфера, во кругот на семејството.
Албанија
И во Албанија Новата година беше пречекана со концерти и огномети во Тирана и во другите градови ширум земјата.
Општина Тирана во соработка со различни институции организираше различни настани по повод Новата 2024 година, со учество на албански музички групи.
Исто така, општината организираше шоу со огномети.
Косово
Граѓаните во Косово Новата 2024 година ја дочекаа на новиот плоштад именуван како „Џорџ Буш“ во главниот град Приштина.
Во тие рамки се одржа концерт на кој настапија бројни музичари и бендови кои им приредија забава на илјадници граѓани, а беа лансирани и огномети по овој повод.