Обвинителството на БиХ гo товари Милорад Додик за кривично дело „неспроведување на одлуките на високиот претставник во БиХ, Криситијан Шмит / Photo: AA

Претседателот на босанско-херцеговскиот ентитет Република Српска (РС), Милорад Додик изјави дека доколку биде осуден пред Судот на Босна и Херцеговина за неисполнување на одлуките на високиот претставник за БиХ, работата на државниот суд и обвинителството во РС.

При гостувањето на ТВ Пинк, Додик беше прашан дали очекува немири во РС, на што тој рече дека „Република Српска ќе остане мирна“.

„Ќе ги донесеме сите одлуки на ниво на парламентот на РС и можно е во некоја фаза да одржиме референдум за сето тоа“, посочи Додик.

„Ова не е борба на Милорад Додик, туку реакција на акцијата преземена од политичко Сараево“, тврди тој.

Зборувајќи понатаму за тоа што ќе се случи ако биде осуден пред Судот на Босна и Херцеговина, Додик рече:

„РС ќе го откаже секое присуство на судот и обвинителството, Агенцијата за истрага и заштита на БиХ (СИПА) и други вештачки и вонуставно наметнати тела на ниво на БиХ, ќе ја забрани нивната работа на територијата на РС, ќе усвои сопствен изборен закон и ќе направи се за да се вратат 83 надлежности на нивната уставна положба, Уставот на БиХ“.

Обвинителството на БиХ ги товари Милорад Додик и Милош Лукиќ, вршител на должноста директор на Службен весник на РС, за сторено кривично дело „неспроведување на одлуките на високиот претставник во БиХ, Криситијан Шмит“.

Судењето пред Судот на БиХ започна на 5 февруари 2024 година. Ако со пресудата бидат прогласени за виновни, на Додик и Лукиќ им се заканува казна затвор до пет години и забрана за политичка активност.


TRT Balkan / агенции
Популарни