Изградба на нов нафтовод и формирање заеднички компании за трговија со гас меѓу другото предвидуваат договорите за зајакнување на соработката меѓу Србија и Унгарија кои денеска ги потпишаа Србија и Унгарија.
Потписот на договорите беше ставен на првата седница на Стратешкиот совет за соработка во Палиќ во присуство на претседателите на Србија и Унгарија Александар Вучиќ и Каталин Новак и премиериите на двете држави Ана Брнабиќ и Виктор Орбан.
Договорот за соработка меѓу Националниот генерален директорат за странци на Унгарија и Министерството за внатрешни работи на Србија го потпишаа првиот потпретседател на Владата на Србија и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, и министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Унгарија, Петар Сијарто.
Дачиќ и Сијарто потпишаа и договор меѓу Владата на Србија и Владата на Унгарија за измени на Договорот за контрола на граничниот сообраќај во патниот, железничкиот и водениот сообраќај, како и Протоколот за колокација во Амбасадата на Србија во Киншаса помеѓу Министерството за надворешни работи на Србија и Министерството за надворешни работи и трговија на Унгарија.
Меморандумот за разбирање за изградба на нафтоводот Унгарија - Србија го потпишаа министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ и Сијарто.
Договорот меѓу Србија и Унгарија за размена и заемна заштита на тајните податоци го потпишаа директорот на Канцеларијата на Советот за национална безбедност и заштита на податоците Горан Матиќ и Сијарто.
Годишниот план за работа за 2022/23 година врз основа на Меморандумот за разбирање меѓу Владата на Србија и Владата на Унгарија за експертска помош за преговорите за пристапување на Србија во Европската Унија, го потпишаа министерката за правда на Србија, Маја Поповиќ, и министерката за правда на Унгарија, Џудит Варга.
Договорот меѓу Владата на Србија и Владата на Унгарија за унапредена стратешка соработка во областа на одбраната го потпишаа вицепремиерот на Владата на Србија и министер за одбрана Милош Вучевиќ и министерот за одбрана на Унгарија Криштоф Салаи-Бобровнички.
Меморандумот за разбирање меѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Србија и Министерството за земјоделство на Унгарија за модернизација и дигитализација во областа на земјоделството го потпишаа министерката за земјоделство, шумарство и водостопанство Јелена Танасковиќ и унгарскиот министер за земјоделство Иштван Наѓ.
Договорот меѓу Владата на Србија и Владата на Унгарија за соработка во областа на развојот и подобрување на патната инфраструктура го потпишаа министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ и министерот за градежништво и транспорт на Унгарија Јанош Лазар.
Изјавата за намери за електронска размена на податоци меѓу Царинската управа на Министерството за финансии на Србија и Националната даночна и царинска управа на Унгарија ја потпишаа директорот на Царинската управа на Србија, Бранко Радујко, и министерот за финансии на Унгарија, Михаљ Варга.
Потпишан е и договорот за основање на SERBHUNGAS Друштво со ограничена одговорност Нови Сад, а парафиран од директорот на ЈП Србијагас, Душан Бајатовиќ, и генералниот директор на MVM MVM CEEnergy Zrt, Ласло Золтан Фриц.