ДУИ изгуби еден пратеник, а коалицијата Вреди го доби во шестата изборна единица, покажуваат официјалните резултати, според кои, бројот на освоени пратеници во петатта изборна единица нема да се смени по прегласувањето на седум изборачки места.
Државната изборна комисија вечерва ги сумира вкупните резултати од гласањето на парламентарните избори, вклучувајќи го и денешното прегласување.
Како што информира претседателот на ДИК, Александар Даштевски на прес-конференција, во изборната единица (ИЕ) 5 коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 74 287 гласови или 10 мандати, коалицијата „Европски фронт“ на ДУИ има 27 278 гласови или четири мандати, коалицијата „За европска иднина“ предводена од СДСМ доби 26 668 гласови или три мандати, Левица има 9 850 или еден мандат, коалицијата „Вреди“ 10 793 еден мандат и ЗНАМ 8 671 или еден мандат.
По прегласувањето нема промени во распределбата на мандатите.
Во ИЕ 6 „Европски фронт“ освои 53 731 глас или осум мандати, „Вреди“ 47 849 гласови или 8 мандати, „Твоја Македонија“ има 21 639 или три мандати, а „За европска иднина“ освои 6 414 или еден мандат. Во однос на гласовите од 8 мај, ДУИ загубие еден мандат, а Вреди доби еден мандат повеќе.
Според ДИК, оочнуваат да течат роковите за приговори до петок, 19 часот, а за сумирање и утврдување на резултите е до петок, 22 часот.
Според податоците објавени на веб страницата на ДИК, на избирачкото место 1194 во Крушево, од 469 избирачи гласале 337, три ливчиња се неважечки, а излезеноста е 71,86 проценти. Најмногу, 290 гласа или 86 отсто добила коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 13,06 отсто или 44 гласа коалицијата „За европска иднина“ на СДСМ, а Левица освоила еден глас.
На избирачкото место 1202 во Општина Крушево од 298 избирачи гласале 111, излезеноста е 37,25 отсто и нема неважечки ливчиња. Најмногу, 91 глас или 81,98 проценти добила коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ, 13 гласа или 11,71 отсто се на „Твоја Македонија“ и седум гласа или 6,31 отсто од гласовите добила „Европска иднина“.
На избирачкото место 1272 во Општина Охрид од 711 избирачи гласале 373 или 52,46 отсто, а осум ливчиња се неважечки. Вкупно 303 гласа или 81,23 отсто добила „Твоја Македонија“, 27 гласа или 7,24 отсто има „За европска иднина“, 12 гласа или 3,22 процента има „Европски фронт“, 11 гласа или 2,95 отсто добила Левица и исто толку има ЗНАМ, а еден глас или 0,27 отсто има коалицијата „Вреди“.
На избирачкото место 1844 во Општина Струга од 753 избирачи гласале 483 или 64,14 отсто и има 10 неважечки ливчиња. Најмногу, 366 гласа или 75,78 отсто добила „Твоја Македонија“, 46 гласа или 9,52 отсто добила „Европски фронт“, „За европска иднина“ има 41 глас или 8,49 отсто, Левица 11 гласа или 2,28 проценти, „Вреди“ 4 гласа или 0,83 отсто, ЗНАМ два гласа, а „Единствена Македонија“ и Работничка партија добиле по еден глас.
На избирачкото место 1470 во Општина Долнени од 658 избирачи гласале 383 или 58,21 отсто и има седум неважечки ливчиња. Најмногу освоила „Европски фронт“, 234 гласови или 61,10 отсто, 80 гласа или 20,89 отсто добила „Твоја Македонија“, 53 гласа или 13,84 отсто добила „Вреди“, осум гласа или 2,09 отсто има „За европска иднина“ и еден глас освоила коалицијата „Храбро за Македонија“ на ГРОМ.
На избирачкото место 1470/1 во Долнени од 632 избирача гласале 350 или 55,38 отсто, а едно ливче е неважечко. Најмногу, 255 гласа или 72,86 отсто има „Европски фронт“, „Твоја Македонија“ освоила 82 гласа или 23,43 отсто, „Вреди“ има седум гласа или два отсто, „Европска иднина“ два гласа или 0,57 отсто, ЗНАМ два гласа, а еден глас има „Единствена Македонија“.
Во ИЕ 5 коалицијата „За европска иднина“ предводена од СДСМ на 8 мај имала 26. 904 гласа, а сега, со денешното прегласување, има 26.668 или 236 гласа помалку, коалицјата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ имала 73.916 гласови на 8 мај, а сега има 74.287 или 371 глас повеќе, коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ имала 27.013, а сега 27. 278 или 265 повеќе, Левица имала 9. 926, а сега 9. 850 или 76 помалку, „Вреди“ имале 11. 067, а сега 10.793 или 274 гласа помалку, движењето ЗНАМ имало 8.757, а сега 8. 671 или 86 гласови помалку.