Споредбено со Парламентарните избори во 2020 година има зголемување на излезеноста од 2.03 проценти на овие избори, укажуваат од ДИК / Photo: AA

До 13 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Претседателските избори од 2472 избирачки места. Од вкупно запишани 1.261.526 гласачи на овие избирачки места, гласале 302.158 односно 23.95 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

Најголема излезеност во моментов, за Претседателските избори има во Крива Паланка, со 46.44 отсто. Најмалата излезеност за Претседателските избори е во Липково, со 3.28 отсто.

„Споредбено со вториот куг од Претседателските избори во 2019 година имаме зголемување на излезеноста од 3.49 отсто на овие избори. Додека споредбено со првиот круг од Претседателските избори 2024 имаме намалување од 0.7 отсто“, наведува ДИК.

До 13 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Парламентарните избори од 2348 избирачки места. Од вкупно запишани 1.207.922 гласачи на овие избирачки места, гласале 312.070 односно 25.84 отсто од граѓаните со право на глас.

Најголема излезеност во моментов, за парламентарните избори има во Кривогаштани, со 48.65 проценти. Најмалата излезеност за парламентарните избори е во Маврово и Ростуше, со 11.91 процент.

„Споредбено со Парламентарните избори во 2020 година имаме зголемување на излезеноста од 2.03 проценти на овие избори“, укажуваат од Комисијата.

Излезеноста по изборни единици за парламентарните избори е следна: Изборна единица 1 - 31.18 отсто, Изборна единица 2 - 23.91 отсто, Изборна единица 3 - 29.18 отсто, Изборна единица 4 - 26.40 отсто, Изборна единица 5 - 25.04 отсто, Изборна Единица 6 - 16.71 отсто.

TRT Balkan / агенции
Популарни