Најголема излезеност за претседателските избори е во Пробиштип, 27,85 отсто, а најмала во Липково, 1,76 / Photo: AA

Во вториот круг претседателски избори до 11 часот согласно податоците од 2 080 избирачки места гласале 141 087 лица, односно 12,87 отсто од вкупно запишаните 1.096.217 гласачи. Најголема е излезеноста во Пробиштип, 27,85 отсто, а најмала во Липково, 1,76.

„За парламентарните избори, пак, излезеноста е 13,69 отсто, покажуваат податоците од 1 976 избирачки места каде гласале 140 990 избирачи. Излезеноста е најголема во Кривогаштани, 28,38 отсто, а најмала во Врапчише, 5,2 отсто“, соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски.

На прес - конференција по почетокот на денешното гласање, Даштевски информира во однос на претодно пријавените технички проблеми, во три избирачки места биле отстранети, а во Кочани, Охрид и Куманово ќе се продолжело со гасање на стариот начин со гласање со уве лампа и спреј.

Излезеноста за вториот круг претседателски избори до 9.00 часот утрово била 4,17 отсто, а за парламентарните избори, пак, 4,45 отсто.

Излезноста е незначително зголемена во споредба со првиот круг на претседателските избори пред две недели кога до 9 часот гласале 4.05 отсто, а до 11 часот 12.78 отсто.

TRT Balkan / агенции
Популарни