Еден загинат во експлозија во Основниот суд во Подгорица / Photo: AA

Едно лице загина, а најмалку пет други се повредени во експлозија која денес околу 11.35 часот се случи во зградата на подгоричкиот Основен суд. Од полицијата на Црна Гора е соопштено дека загинал М.Б. (39) кој ја активирал експлозивната направа.

„Околу 11 часот и 35 минути на влезот во зградата на Основниот суд во Подгорица М.Б. ја активирал, најверојатно, рачната бомба, при што смртно страдал, додека според досегашните сознанија пет лица се повредени“, соопштија од полицијата.

Како што наведоа, полициските екипи и надлежните служби се на терен поради увид и обезбедување на местото на настанот.

TRT Balkan / агенции
Популарни