Полицијата утврдува што се случило во училиштето / Photo: AA

Едно седумгодишно дете е убиено, а пет други лица се повредени по нападот кој 19 годишник утрово го изврши во основното училиште Пречко во Загреб, информира хрватската министерка за надворешни работи Ирена Хрстиќ. Од поврдените три се деца и двајца возрасни. Во нападот кој се случи во 9:50 часот е повредена и наставничка која е во животна опасност.

Во болницата „Свети Дух“ се борат за нејзиниот живот.

“Наставничката е кај нас, нејзиниот живот е загрозен и е во постапка на згрижување. Донесено е уште едно лице повредено во нападот, изјавија од “Свети Дух”.

Напаѓачот е под надзор на полицијата. На повредените им се укажува лекарска помош.

Премиерот Андреј Пленковиќ на почетокот на владината седница изјави дека е згрозен и изрази сочувство и жалење до семејствата на повредените деца.

Медиумите претходно објавија дека напаѓачот е 19-годишен маж, наводно ученик во училиштето, пред кое по нападот имало многу полиција и амбулантни возила.

TRT Balkan / агенции
Популарни