Комисијата на Европската унија објави дека одлучила да препорача почеток на пристапните преговори со Босна и Херцеговина, една од земјите кандидати.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Генералното собрание на Европскиот парламент изјави дека Комисијата одлучила да препорача отпочнување на пристапни преговори со Босна и Херцеговина.
Наведувајќи дека политиката на ЕУ кон Западен Балкан неодамна се промени, Фон дер Лејен рече: „Сфативме дека не е доволно да чекаме Западен Балкан да ни пријде. Не е доволно да се каже дека вратата е отворена. Ние исто така мора да преземеме одговорност и да обезбедиме дека патот кон ЕУ ќе биде возможен. Мораме да го поддржиме на секој можен начин“.
Зборувајќи за напредокот на Босна и Херцеговина, фон дер Лајен истакна дека Босна и Херцеговина презема импресивни чекори откако го доби кандидатскиот статус.
Таа нагласи дека Босна и Херцеговина е целосно усогласена со надворешната политика на ЕУ, но има спроведено и внатрешни реформи во важни области.
Потсетувајќи дека е потребен уште поголем напредок за членство во ЕУ, таа рече: „Сепак, земјата покажува дека може да ги исполни критериумите за членство и нејзините граѓани сакаат да бидат дел од нашето семејство. Поради оваа причина, решивме да му препорачаме на Советот на ЕУ да го започне пристапниот процес на преговори со Босна и Херцеговина“.
Босна и Херцеговина аплицираше за членство на 15 февруари 2016 година, а статусот на земја кандидат го доби на 15 декември 2022 година.