Ердоган и Курти остварија телефонски разговор / Photo: AA

Косовскиот премиер Албин Курти разговараше телефонски со претседателот на Република Туркије Реџеп Таип Ердоган. „Во име на Владата на Републиката и народот на Косово, Курти уште еднаш му изрази сочувство на претседателот Ердоган, а преку него и на семејствата на жртвите од земјотресот и на целиот народ на Туркије“, соопшти Владата на Косово.

Тој му се заблагодари на претседателот Ердоган за великодушното гостопримство во Истанбул на 3 февруари, каде што имаа многу продуктивна средба која ќе послужи за дополнително зајакнување на односите и трајното пријателство меѓу двете земји.

„Премиерот Курти рече дека Косово не е голема земја, но има големо срце, кое великодушно им го покажа на сите во нивните тешки денови, а последно на Украинците и Авганистанците“, се вели во соопштението. „Косово е и секогаш ќе биде со пријателските земји во нивните тешки денови, особено со Туркије“, рече Курти.

Турскиот претседател Ердоган му се заблагодари на премиерот Курти на полната солидарност со државата и народот на Туркије, кој минува низ најлошата катастрофа во овој век.

Тој му се заблагодари на одлуката за поддршката и помошта на припадниците на Косовските безбедносни сили кои учествуваа во акциите за пребарување и спасување, како и на прогласувањето на Денот на жалоста во Косово.

Во текот на разговорот стана збор и за последниот состанок во Брисел за нормализација на односите Косово и Србија, а претседателот Ердоган го поздрави постигнатиот резултат и изрази подоготвеност да помогне.

TRT Balkan / агенции
Популарни