Ердоган рече дека Туркије е подготвена да соработува со Бугарија за извоз на ЛНГ, размена на искуства и обновливи извори на енергија / Photo: AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот бугарски колега Румен Радев во петокот разговараа за неодамнешните случувања поврзани со руско-украинската војна и нападите на Израел врз Појасот Газа.

„Претседателот Ердоган изјави дека Туркије има приоритет да спречи конфликтите меѓу Украина и Русија и Израел и Палестина да се шират во регионот и прави најголеми напори за решавање на проблемите преку дијалог и мир“, соопшти Дирекцијата за комуникации на Туркије на социјалната мрежа Х.

Ердоган имаше средба со Радев на маргините на Дипломатскиот форум во Анталија, на кој присуствуваше и бугарскиот претседател.

Изразувајќи ја важноста од зајакнувањето на соработката меѓу Туркије и Бугарија, особено во областа на одбранбената индустрија и енергетиката, како и развивање на односите во други области, Ердоган рече дека Туркије е подготвена да соработува со Бугарија за извоз на ЛНГ, размена на искуства и обновливи извори на енергија“, наведува Дирекцијата.

На средбата присуствуваа и министерот за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу, лидерот на Националната разузнавачка организација на Турција Ибрахим Калин, директорот за комуникации Фахретин Алтун и главниот советник на претседателот Акиф Чагатај Килич.

AA
Популарни